Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Свет

Венецуела ќе се жали пред Советот за безбедност на ОН откако Трамп ѝ дозволи на ЦИА да спроведе тајни операции во земјата

Владата на Венецуела изрази загриженост по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на Венецуела изрази загриженост по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации. „Њујорк Тајмс“ прв ја објави веста дека САД се подготвуваат за тајни операции што ќе ги спроведе ЦИА во Венецуела. Многу брзо, овие наводи беа потврдени од американскиот претседател.

„Давам зелено светло за овие акции“, рече Трамп, кој додаде дека сака да спречи пристигнување на големи количества наркотични средства од Венецуела во САД, но и дека јужноамериканската земја ослободува голем број затвореници, вклучително и лица од институции за ментално здравје, и ги испраќа во САД. Венецуелските власти сметаат дека сите акции на САД имаат за цел соборување на сегашното раководство на земјата, со крајна цел одземање на нивните нафтени ресурси.