Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Велковски обелоденува скандал со милионски криминал во МТСП со социјалната помош

2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, обзнани денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

„За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на министерството. Имаме првични сознанија дека забележана е и ретроактивна исплата на средства за повеќе месеци наназад, што отвори голем сомнеж за извршени злоупотреби во институциите под надлежност на министерството за труд и социјална политика“, појаснува министерот Велковски.

Манипулацијата е системска а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица, смета тој, за што е започнат вонреден инспекциски надзор со цел откривање на сторителите позади овој милионски криминал во Министерството за труд и социјална политика.

Реклама

„Мојата цел како министер за труд и социјална политика е да обзнанам пред целата македонска јавност што се случувало во ресорот кој денес го водам и да не дозволам да се случува вакво изигрување на системот. За да биде појасно, еден од условите за остварување на правата е да се провери материјалната, социјалната и имотната состојба на корисникот, а тоа е да не поседувате возило, како и приходи остварени по други основи. Инспекциските служби од министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори се со цел да се открие кој навистина стои позади овој криминал од милионски размери“, изјави Велковски.

Како што и претходно појасни министерот Велковски, вкупната бројка на детектирани злоупотреби е за 2.252 лица и тоа:

Берово – 15; Битола -166; Валандово – 23; Велес – 98; Виница – 11; Гевгелија – 9; Гостивар – 164; Дебар – 31; Делчево – 3; Демир Хисар – 3; Кавадарци – 23; Кичево – 49 ; Кочани –18; Кратово – 4; Крива Паланка – 9; Крушево  – 22; Куманово  – 235; Македонски брод  – 6; Неготино – 4; Охрид – 40; Прилеп – 229; Пробиштип – 1; Радовиш – 56; Ресен – 1; Свети Николе – 6; Скопје 714; Бутел – 45; Гази Баба – 79; Карпош – 125; Кисела Вода  – 155; Центар – 38; Чаир – 151; Шуто Оризари – 121; Струга – 32; Струмица – 70; Тетово – 150; Штип – 59.