Реклама

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Македонија

Велјановски: Општина Долнени ќе биде пак убаво место за живеење 

Сашко Велјановски, кандидат за градоначалник за општина „Долнени“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сашко Велјановски, кандидат за градоначалник за општина „Долнени“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и потенцираше дека општина Долнени изминативе години со претходната власт како резултат на нивната неспособност, претрпела економска, духовна и морална криза.

„Сосема е јасно дека нашата општина во изминатиов мандат претрпи  економска, духовна и морална криза.  Тие кризи се настанати, заради  нашиот колективен неуспех да се ослободиме од хипокризијата и неспособноста на претходното општинско водство. Заради тоа развојот на општина Долнени е во статус кво и е на ниво на непостоење. Затоа, на овие избори, треба да се фокусираме на оние кои што се добри, кои што сакаат, можат и имаат истрајност и знаење  за да придонесат за еволутивен раст на општина Долнени“, истакна Велјановски.

Велјановски потенцираше дека со обединетост, и издржливост општина Долнени ќе победи, и повторно ќе застане на свои нозе. 

Реклама

„Со обединетост, издржливост и колективен дух за развој, можеме да ги пребродиме ветриштата на уништувањето што ги носат  арамиските тајфи што ги предводи ДУИ, и како граѓани на општина Долнени, да излеземе попаметни и посилни од стегите на овие пророци на апокалипсата за нас и нашата општина. Почитувани сограѓани, успехот не е прашање на среќа или случајност. Тоа е резултат на заеднички напорна работа, дисциплина и одлучност да се пробијат тешкотиите и препреките во нашите животи инсталирани од измамниците. Да не дозволиме моментите на тешкотии да не скршат. Да не дозволиме стравот од неуспех да не спречи. Мораме да станеме и да продолжиме, бидејќи само така ќе го постигнеме она што го сакаме во животот“, рече Велјановски.