Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, СДСМ треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

Државниот завод за ревизија утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра. Бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот, изјави на прес-конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.

Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДСM и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери. 

Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб. 

Реклама

Затоа СДСM и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови? 

Почитувани граѓани, 

Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување.

Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот. 

Не сме исти. Разликата е евидентна.