Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Велјановски: Извештајот на ДЗР потврдува дека СДСМ и ДУИ оставија милионски провизии за железничкиот Коридор 8, ЈО да ја истражи одговорноста

Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот Коридор 8 не биле завршени, а државата платила 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства. ДЗР констатирал неефикасно управување со овие стратешки проекти, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Алексадар Велјановски.

Со тоа проектот доцнел со години, граѓаните плаќале милионски провизии, а не добиле никаков инфраструктурен резултат.

Дополнително, ДЗР тогаш предупредил и на ризик од губење 61 милион евра ИПА-грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8.

Реклама

Ова не смее да остане само ревизорски наод. Бараме Јавното обвинителство да реагира и да го истражи извештајот на ДЗР.

ЈО да утврди како настанале 4,6 милиони евра провизии, кои лица биле одговорни за доцнењето и дали со нивното постапување или непостапување е предизвикана штета за државата.

Ова е само дел од владеењето на СДСМ и ДУИ, кои ние денес го плаќаме на разни начини.

Не сме исти. Разликата е евидентна.