Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Вељаноски за 27 април – ОЈО како и СЈО, алатка за смена на Уставот

27 април е политички нарачан процес, а обвинителството за Организиран криминал како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

27 април е политички нарачан процес, а обвинителството за Организиран криминал како и СЈО биле важна алатка за изгласување уставни измени, ова пред судот денеска го тврдеше поранешниот претседател на парламентот и пратеник Трајко Вељаноско обвинет како дел од организаторите за собраниските настани од 27 април. Во неговите вовоедни зборови наведе дека е смешно за непочитување Деловник да се одговара кривично.

– Смешно и неиздржано е за непочитување на Деловникот да се бара кривична одговорност, а за такво нешто постои само политичка одговорност. На 27 април побарав прекин на седницата и нејзино закажување за наредниот ден. Сѐ што беше направено по 18 часот е спротивно на Деловникот и на законот. Како би ви било на вас судиите да ви бараат завршен збор среде судски процес? Ќе прифатите ли ваков нелегален предлог господа судии?“, праша Вељаноски.

Адвокатот Еленко Миланов пред судот истакна дека сведокот на обвинителството, Александар Василевски Нинџа, воопшто не бил во ВМРО ДПМНЕ, а не пак да ги видел таму Миле Јанкиески и Спире Ристевски како го организираат 27 април.

Реклама

– Спиро и Миле не организирале ништо. Во времето за кое Нинџа тврди дека ги видел или слушнал овие обвинети во штабот, тие не се наоѓале таму. Ќе докажеме дека Нинџа е прво во ГТЦ, па потоа е лоциран на базната станица Алмако, но не и во базната станица на ВМРО- ДПМНЕ. Нинџа тврди дека ги чул Миле и Спиро како организираат некого и нешто, а ние имаме докази каде биле обвинетите. Тој вели ги видел заедно, но тие воопшто не се заедно“, рече пред судот адвокатот Миланов.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кривично ги гони Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието, поранешните министри Спире Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, дека со умисла организирале упад и тешки насилства и повреди на пратеници на 27 април 2017 година, за да го спречеле мирното примопредавање на власта, стои во Обвинението.

Катерина Гетева