Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Велешките моторџии собраа рекордни 200 крвни единици

Во акција за доброволно дарување на крв, организирана од Мото клубот „Носачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во акција за доброволно дарување на крв, организирана од Мото клубот „Носачи на крстот“, вчера во просториите на Театарот во Велес беа собрани 200 крвни единици, што претставува нов рекорд за оваа традиционална хуманитарна иницијатива. Акцијата, насловена „9-ти Ноември“, се одржува по повод ослободувањето на Велес и оваа година се реализира по осумнаесетти пат. 

Меѓу учесниците, седуммина крводарители за првпат даруваа крв и се приклучија на друштвото на хуманите граѓани.

Орце Николов, секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес, изрази големо задоволство од билансот на акцијата и упати благодарност до велешките моторџии, како и до сите граѓани кои се вклучија и придонесоа да се спаси нечиј живот.

Реклама

Акцијата ја спроведоа лекарите специјалисти д-р Горан Андонов и д-р Ефтим Димитриовски од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, заедно со своите медицински тимови.

Минатата година, на иста ваква акција за 9-ти Ноември, беа собрани 180 крвни единици, додека на пролетната акција годинава, која исто така ја организира МК „Носачи на крстот“, беа собрани 183 единици крв.

Општинската организација на Црвен крст во вторник организира акција во ССОУ „Димитрија Чуповски“ попознато како Хемиска, а деновиве  во Државното средно училиште РЦСОО  „Коле Неделковски“ беа собрани 42 крвни единици.