Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Варнс: Западен Балкан има потенцијал од корисник да стане активен чинител во економијата заснована врз иновации

Регионот на Западен Балкан има предиспозиции, претприемачки дух и стратешка позиција за да биде повеќе од обичен корисник на новите технологии. Овој регион може да биде активен чинител во економијата заснована врз иновации, која ја обликува иднината, а САД се посветени да бидат партнер во тој процес, порача денеска в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионот на Западен Балкан има предиспозиции, претприемачки дух и стратешка позиција за да биде повеќе од обичен корисник на новите технологии. Овој регион може да биде активен чинител во економијата заснована врз иновации, која ја обликува иднината, а САД се посветени да бидат партнер во тој процес, порача денеска в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс во обраќањето на завршниот дел од дводневната конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, што се одржа денеска и вчера во Скопје во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за киберпростор и дигитална политика (CDP) при Стејт департментот.

Амбасадорката посочи дека одлуките што ќе се носат во овој регион во наредните години ќе помогнат да се одреди како ќе се развива ерата на вештачката интелигенција, не само за економиите, туку и за безбедност и општиот напредок.

-Револуцијата на вештачката интелигенција не е можност што допрва треба да се оствари. Таа е веќе тука. Веќе е во тек. Одлуките што ги носиме денес, како влади, компании и институции, ќе определат кои држави и компании ќе бидат најдобро позиционирани да се натпреваруваат, да иновираат и да напредуваат во годините што следуваат. Тие одлуки ќе ги обликуваат нашите економии, нашата конкурентност и нашата безбедност во годините што доаѓаат. Како што слушнавме вчера, националната безбедност е тесно поврзана со економскиот просперитет. Токму затоа е од суштинско значење да ја прифатиме дигиталната трансформација и да носиме промислени и стратешки одлуки за начинот на кој ќе ја насочуваме – порача Варнс.

Реклама

Таа додаде дека во текот на дводневната дискусија била истакната важноста на доверливата дигитална инфраструктура за заштита на некои од најкритичните системи и најчувствителни податоци.

-Исто така, ги разгледавме ризиците од фокусирање исклучиво на најевтината опција. Она што денес изгледа како најисплатлив избор, утре може да се покаже како најскап ризик, доколку технологијата што стои зад него не е доверлива и безбедна. Нашата способност да ја обликуваме иднината на вештачката интелигенција ќе зависи од силата на партнерствата што ќе ги изградиме, меѓу владите и приватниот сектор, како и меѓу земјите од Западен Балкан и американските компании што обезбедуваат најсовремени технолошки решенија – рече Варнс. 

Дигиталната иднина, додаде таа, не е нешто што едноставно ќе пристигне еден ден, таа се гради токму сега, „преку инвестициите што ги правиме, партнерствата што ги воспоставуваме и изборите што ги носиме во однос на тоа кому ќе му ја довериме нашата иднина“.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вчера на отворањето на конференцијата порача дека дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност. Таа, додаде, министерот, повеќе не е прашање само на модернизација, туку има суштинско значење за развојот на општествата и економиите.

null

Тој истакна дека инфраструктурата што се гради денес ќе има директно влијание врз пристапот на граѓаните до услуги, конкурентноста на компаниите и безбедноста на општествата во иднина. Според него, дигиталната трансформација за Западен Балкан  има посебно значење имајќи го предвид потенцијалот на регионот.

– Ние сме регион со силен човечки капитал, динамични ИКТ компании и јасна амбиција да бидеме целосно интегрирани во европскиот и трансатлантскиот дигитален простор – истакна Aндоновски, додавајќи дека за реализација на оваа цел се неопходни доверлива инфраструктура, стабилна регулатива и силно партнерство со демократските сојузници.

Во однос на националните политики, тој потенцира дека дигиталната трансформација е еден од клучните реформски приоритети на Владата. Посочи дека целта е граѓаните и бизнисите директно да ги почувствуваат придобивките преку помалку бирократија, поголема транспарентност и подобра отчетност. Во контекст на кибербезбедноста, министерот најави законски измени со кои првпат ќе се воведат стандарди за набавка на доверлива ИКТ-опрема.