Реклама
Македонија

Вања не била задушена, ѝ било пукано во глава одзади

Застанат зад Вања Ѓорчевска, на околу половина метар, убиецот, стискајќи ја за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Застанат зад Вања Ѓорчевска, на околу половина метар, убиецот, стискајќи ја за вратот и пукал во главата додека била жива. Според обдукцијата, проектилот со калибар од 9 мм, поминал преку десната страна од главата и завршил 30 см во телото близу ‘рбетот. Телото на девојчето, било закопано во импровизирана дупка длабока повеќе од половина метро, а долга 185 см.

Вања не се загушила додека била врзена во вреќата и ја возеле во багажникот од украдениот „цитроен“, кажа обвинителството презентирајќи ги доказите за двојното убиство. Убиена е клечејќи, а до местото на ликвидацијата се движела, тврди обвинителството, бидејќи на нејзините патики била најдена кал. Истата кал била пронајдена на колениците и под ноктите. На лентата со која и била залепена устата биле пронајдени ДНК трагови од обвинетиот Велибор Манев.

И Панче Жежовски бил застрелан со ист куршум со калибар 9 милиметри, произведен во Самоков, Македонски Брод. Овие куршуми се наменети за повеќе видови оружје – за пиштоли и за полуавтоматски пушки. Тој бил закопан во дупка длабока 2,7 метри. Најдена е чаура до дупката во населба Речани каде бил пронајден и мобилниот телефон на жртвата, фрлен во трње. 

Реклама

Од извештајот од неговата обдукција, произлегло дека смртта била насилна, му било пукано во десно во главата а куршумот излегол од другта страна. И тој се наоѓал во полунаведната положба кога бил убиен. Смртта најверојатно настанала неспоредно по неговото грабнување, рече обвинителката при изведувањето на доказите.

Обдукцијата покажала дека двете жртви, и 14- годишната Вања и 74-годишниот Панче претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени, а психијатриското вештачење на обвинетите покажало дека сите во секој момент од дејствијата биле свесни што правеле.

https://alfa.mk/dokazi-na-obvinitelstvoto-vana-ne-se-zagushila-%d1%9d-bilo-pukano-od-polovina-metar-vo-glava

Првообвинетиот Палевски, постојано реагираше на изведувањето на материјалните докази на обвинителството. Тврдеше дека не биле најдени ДНК и отисоци на церадата во која бил завиткан Жежовски. На ова обвинителот одговори дека поврзаноста на доказите ќе ја презентираат во понатамошниот тек од судскиот процес. Палчо уште на почетокот на денешното рочиште побара да биде вештачен неговиот телефон, каде имало 10 илјади принт скринтови.

Досега беа сослушени 26 сведоци, а обвинителството ќе презентира околу 200 материјални докази. Потоа, доколку сакаат свој исказ може да дадат сите обвинети.