Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Вајц: И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор

Сите земји-членки на ЕУ се борат со корупција, ниту една членка не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите земји-членки на ЕУ се борат со корупција, ниту една членка не е совршена. Ние се бориме да го зајакнеме владеењето на правото, но има разлики и меѓу нас. Во разни земји-членки има различно ниво на корупција. И во мојата Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е што многу богати луѓе лежат затвор – изјави денеска европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц на сесијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, којашто се однесуваше на борбата против корупцијата.

-Имавме огромен скандал со недвижности. Одговорниот беше господин Бенко. Многу луѓе сметаа дека тој е просто пребогат за да оди на суд. И довербата во системот можеше да се измери на денот кога го уапсија и отиде во притвор. Луѓето видоа дека и еден од најбогатите во Австрија ќе излезе пред суд, ќе биде приведен за тешко дело. Тој ќе чинеше дсночните обврзници милијарди. ​Апелирам дека не се работи за реализација на обврските кон ЕУ, критериумите за пристапување. Се работи за вложување во вашето општество, во вашата земја, во функционирањето на вашите институции, вложување во довербата во системот. Ако не можете да ги убедите граѓаните дека правдата постои за сите, тоа на луѓето им дава причина да заминат – нагласи Вајц.

Тој рече дека една од најголемите пречки во економскиот и воопшто општествениот развој е ако младите си заминуваат.

Реклама

-За младите особено е многу важно да разберат дека ако соодветно се образувам, ако добро работам, ќе имам добра плата и соодветна почит. Разговарав со многу млади и овде во Северна Македонија и тие ми велат: ‘Да, г-дине Вајц, ама знаете, ако не сте од вистинско семејство, ако немате врски, тешко е да ве вработат во државната администрација.’ Без оглед дали е тоа вистина или не, самиот факт што младите ја имаат таа перцепција е голем двигател на одливот на мозоци. ​Како Австриец ќе кажам: ‘Што убаво, елате кај нас во Австрија, нас ни требаат квалификувани луѓе, образовани луѓе!’ Но знам каков ефект има тоа во општеството. Овде сум како поддржувач на Северна Македонија и на целиот регион. И сакам да ве предупредам дека ако младите заминат, заминува и дел од иднината на земјата, а тоа е поврзано со довербата во институциите, довербата во правосудството и довербата во вашите институции – рече Вајц. 

null

Европратеникот посочи дека ниту една земја не е сама во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

-Во поглед на борба против корупцијата, ниту една земја-членка не е совршена. Се бориме да го зајакнеме владеењето на правото, но има разлики меѓу земјите-членки. Има разлики и меѓу земји што се уште не се членки. ​Важно е да кажам дека сме заедно во оваа тешка борба против организираниот криминал, против криминалната енергија што сака да ја надитри легислативата. Вие работите, ние работиме и, за жал, правиме закони што ги следат чесните, а не криминалците. Слушајте ги сите чинители во општеството, вклучително и граѓанското општество. Истото важи и за мене и за моите колеги. Но тоа ни помага да изготвиме соодветни закони – рече Вајц. 

Во поглед на Реформската агенда, Вајц посочи дека треба да се доработат измените на Кривичниот законик, со цел ЕУ да може да обезбеди средства поврзани со тоа. 

-Во планот за раст, дел од концептот е — ако една држава не ги изведе реформите на време, тие пари одат на соседните земји. ​Колку што сум информиран, имате реална шанса да добиете значителни дополнителни средства, можеби 70-80 милиони евра. Ама не е во парите работата. Треба да им служите на граѓаните со Кривичен законик што создава не само ефикасен правосуден систем, туку и влева доверба кај населението. На крајот на краиштата, во државите и општествата клучно е дали граѓаните имаат доверба во системот – потенцира Вајц. 

Ако правилата важат за сите, посочи тој, тоа е една од главните состојки на позитивната перцепција на функционален правосуден систем – дека нема неказнивост за моќните, дека има исти стандарди за сите граѓани. Вајц исто така оцени и дека добриот приход на судииите, полицијата е и превенција од корупција.