Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Ваљбон Лимани го почна градоначалничкиот мандат

Ваљбон Лимани, новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори, од попладнево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ваљбон Лимани, новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори, од попладнево го почна четиригодишен мандат. На првиот работен ден, дојде придружуван од потесното семејство, трите ќерки и сопругата. Во придружба му беа првиот човек на Советот на општина Гостивар, Валдет Џафери, сопартијци и доскорешни соработници. Лимани пред влезот во општинската зграда беше пречекан од вработените кои му честитаа.

Ваљбон Лимани кој година ипол беше вршител на должноста градоначалник до локалните избори, во обраќањето напомена дека ќе ја продолжи претходната програма, но и со проектите кои ги најави во кампањата. Тој кажа дека работите на инфраструктурни проекти ќе продолжат штом дозволат временските прилики и нагласи дека локалната самоуправа ќе биде отворена подеднакво за сите граѓани.

– Сакам да им се заблагодарам на сите гостиварци и на оние кои гласаа, но и на оние кои не гласаа за мене. Ги уверувам сите дека јас, Советот и претседавачот заедно ќе работиме со посветеност за доброто на Гостивар. Од денес општина Гостивар е отворена за секого, рече Лимани.

Реклама

Тој најави дека започнати проекти како што е проширувањето на булеварот „Браќа Ѓиноски“, новиот мост и реконструкциите на повеќе улици ќе продолжат со реализација штом временските услови го дозволат работа на терен.

Лимани се осврна на изборниот процес и напомена дека во Гостивар траел подолго, речиси пет месеци.

На Ваљбон Лимани откако ДИК ги потврди резултатите доби 15.345 гласови (64,5% од излезените гласачи), минатата недела му беше врачено уверението. На повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар противкандидат му беше Невзат Бејта од коалицијата ВРЕДИ кои доби 7.510 гласови. Во првиот круг на локалните избори, Лимани не беше избран заради слаба излезност, по што беа повторени изборите.