Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Утврден план за обуки на битолските пожарникари и стручна поддршка на претријатија во градот

Битолската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) утврди план за изведување на стручна настава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битолската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) утврди план за изведување на стручна настава и обука со работниците во ТППЕ-Битола, како задолжителна инструкција за изведување стручна настава и обуки со, работниците во професионалните противпожарни единици во состав на локалната самноуправа.

Во едукативниот процес застапени се наставни предмети поврзани со прописите од областа на заштитата од пожари, противпожарни опасности и мерки за заштита, противпожарни справи и опрема, тактика, пружање прва помош, но и вежби за физичка активност на пожарникарите.

Територијалната противпожарна единица-Битола ја утврди и генералната програма за работа во 2026 година, во која предвидени се повеќе превентивни активности кои вклучуваат директна соработка со претпријатија и установи во градот.

Реклама

Според програмата, битолските пожарникари во претпријатијата ќе презентираат мерки за намалување на опасноста и ефикасно гаснење пожари на отворен простор, соработка со претпријатијата што стопанисуваат со водоводната мрежа и нивно ангажирање за надминување на лошата состојба со хидрантската мрежа во градот,  како и соработка со претпријатието што врши дистрибуција на електрична енергија и обука на нивни лица за брзо исклучување на електричното напојување во објект во случај на пожар.

Во текот на оваа година ТППЕ-Битола ќе изработат картотека на објекти со постоечката хидрантска мрежа, а ќе се изврши и докомплетирање и изработка на нова картотека на улици со цел да се обзебеди, како што нагласуваат, вистинската слика за проодноста на улиците и хидрантската мрежа согласно ГИС порталот на Општина Битола.