Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Утре Скопје повторно останува без јавен превоз

Скопје утре повторно останува без јавен превоз. На првиот училишен ден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје утре повторно останува без јавен превоз. На првиот училишен ден од второто полугодие учениците ќе мора да се снаоѓаат на кој начин да стигнат на училиште.Без јавен превоз ќе останат и студентите, работниците, пензионерите. Истовремено, возачите и вработените во ЈСП остануваат без декемвриската плата. Од синдикатот на ЈСП најавија дека од утре почнуваат со штрајк – јавен превоз во главниот град нема да има се додека не добијат плата.

Утре нема да излегува на линија ниту едно возило, освен возилата што се за децата и за лицата со инвалидитет.Имаме склучено договор со училиштата каде има деца со инвалидитет тие ќе работат.Никој досега не се јави, да праша барем да праша дали сме добро и дали сме јадени денеска” – вели за Алфа Африм Муча, претседател на синдикат на возачи.

Јавното претпријатие не може да им даде пари за декември оти одлуката за доделување субвенции од 11 милиони евра од Град Скопје не помина. Затоа синдикатите бараат на утрешната седница советниците да ги одобрат овие средства.

Реклама

Ние има кажавме, чекаме до недела имаа три дена да се договорат. Советниците и вработените во град Скопје си земаа плата, а ние вработените во ЈСП Скопје седевме дома.45 дена немаме плата земено, ние седевме дома а они си прошетаа нивниот тертип е одличен нивните фамилии имаат за јадење и гајле немаат за работницитеизјави Муча.

A од Град Скопје, наместо да одговорат што ќе преземат за проблемот со јавниот превоз во главниот град, топката ја префрлија на советниците од ВМРО ДПМНЕ.

Три седници по ред советниците од мнозинството не ги носат одлуките за редовно функционирање на јавните претпријатија, меѓу кои и ЈСП. На утрешната вонредна седница со единствена точка на дневен ред одобрување субвенции за ЈСП Скопје, советниците откако втор месец не ги носат одлуките, конечно ќе се состанат да гласаат за програмите кои градоначалничката ги поддржа вработените на ЈСП  – велат од Град Скопје.

Ова ќе биде вторпат во историјата Скопје да остане без јавен превоз. Во октомври 2022 Јавното сообраќајно претпријатие, исто така, штрајкуваше оти им доцнеше една плата.  Главниот град пола година немаше редовен јавен превоз и поради тоа што не возеа приватните превозници кои се скараа со градоначалничката заради милионски долг.

Инаку, Данела Арсовска дојде на функција со ветување за набавка на 250 еко-автобуси и целосно бесплатен јавен превоз за сите граѓани.

Ања Лукарова