Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Утре почнува амандманската расправа за една изборна единица и отворени листи

Собраниските преведувачи со полни раце работа, ги преведуваат речиси 6000 амандмани поднесени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниските преведувачи со полни раце работа, ги преведуваат речиси 6000 амандмани поднесени од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ на предлог изборниот закон за една изборна единица и отворени листи.

Денеска одново биле преземени речиси 2000 амандмани од 5000 на ДУИ кои се коригирани и повторно испратени до Собранието. Иако не се преведени, претседателот на комисијата за политички систем и пратеник на СДСМ, Александар Кирацовски ја закажа седницата на која меѓу другото ќе се расправа и за амандманите.

Вели дека големата бројка се должи на блокирање на предлог законот од страна на нивниот коалиционен партнер ДУИ, но и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека е нон-сенс на три месеци пред избори да се менува изборниот законик.

Од ДУИ велат дека ваквиот предлог закон е опасен преседан, но и дека со реализирање на една изборна единица Албанците губат пратенички места.

И покрај големиот број на амандмани, премиерот Заев се надева дека на 12 април изборите ќе бидат со отворени листи и една изборна единица.

Предлогот за една изборна единица е поднесен од помалите политички партии, со оглед на големиот број на амандмани и краткиот временски период пред распуштање на собранието се поизвесно е дека останува стариот изборен модел со шест изборни изборни единици кои делегираат по 20 пратеници.

 

Мери Ѓоргиевска