Реклама
Македонија

Уставните судии Албанци, ќе ја бојкотираат седницата за Законот за јазици, ДУИ се заканува

Уставниот суд в среда без двајца судии Албанци,ќе  расправа за Законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд в среда без двајца судии Албанци,ќе  расправа за Законот за јазици,  дали е уставен или не. Уставните сидии Осман Кадриу и Насер Ајдари најавија дека ќе ја бојкорираат седницата, со образложение дека причина за бојкотот е надгласувањето. Кадриу во телевизиско интервју рече дека „за нив не е разумно да се дел од мнозинство што ќе донесе одлука во врска со прашања од албански национален карактер“. Двајцата судии беа именувани од Собранието кога ДУИ беше власт во земјва. 

Од Уставен велат дека нема да коментираат ничии ставови поврзани со предметот за Законот за употреба на јазиците.

По завршувањето на седницата ќе се одржи редовна прес-конференција на која ќе биде одговорено на сите прашања“, соопштија денеска од Уставниот суд.

Реклама

Во пресрет на седницата на судот, ДУИ излезе со предупредување дека укинување на која било одредба од Законот за употреба на јазиците не е само правен чин, туку директен удар врз стабилноста и мирот на државата.

Овој закон е производ на сложен компромис, постигнат по години на макотрпни преговори и претставува темел на меѓуетничката еднаквост и взаемната почит. Одлука која би го загрозила овој закон би претставувала тешко кршење на Охридскиот договор и враќање назад кон неизвесна и нестабилна иднина“, наведуваат од ДУИ во соопштението.

Премиерот Мицкоски уверува дека не постои опасност по безбедноста на државата.

Вашата загриженост е на место зашто судиите избрани од ДУИ и СДСМ сега се напаѓани од истата таа ДУИ, а кога станува збор за заштита на криминалците кои правеле криминал тогаш истите овие обвинители и судии се во нивна одбрана. Не постои опасност по безбедноста, ниту некогаш сме дозволиле да постои. Сме предупредувале дека има обиди да се наруши безбедноста и ова е еден од тие обиди. Има некои места каде што се состануваат поединци кои сакаат да направат безбедносна тензија. Ние како држава и Влада ќе сториме се за да гарантираме безбедност“, вели Христијан Мицкоски, премиер на државата.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, оформен е во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски неодамна во интервју рече дека со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултира со политички хаос, недоверба и дилеми. Напомена дека е можно да се искористи и алатка од новиот Акт на Уставниот суд, односно судиите да изразат сомнеж за уставноста на законот и да го пратат во Собранието на доработка.