Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Уставниот суд домаќин на регионална конференција за зголемување на јавната доверба во уставните судови

Уставниот суд во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), денеска и утре во Охрид ќе ја одржи регионалната конференција со централна тема „Како да се зголеми довербата на јавноста во уставните судови“.

Во фокусот на конференцијата е градењето и зајакнувањето на јавната доверба во уставните судови, со посебен акцент на независноста и кредибилитетот на уставното судство, транспарентноста, комуникацијата со јавноста и современите предизвици со кои се соочуваат институциите во услови на забрзан информациски и технолошки развој.

Целта на конференцијата е преку размена на регионални и европски искуства да се отворат прашањата за тоа како уставните судови ја градат и одржуваат довербата на јавноста и како, притоа, ја зачувуваат својата независност и институционален авторитет.

Реклама

Конференцијата, како што соопштија од Судот, ќе ја отворат претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и Штефан Пирнер, раководител на проектниот оддел за Западен Балкан при ИРЗ.

Во рамки на панел-дискусиите ќе учествуваат претседатели и судии на уставните судови од регионот, меѓу кои Мирсад Ќеман, претседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, судиите на Уставниот суд на Македонија Татјана Васиќ-Бозаџиева и Осман Кадриу, како и претставници на уставните судови на Црна Гора и Србија.

Свое излагање ќе има и Winfried Schubert, поранешен претседател на Уставниот суд на сојузната покраина Бранденбург и поранешен претседател на Вишиот покраински суд во Наумбург, Германија, кој ќе говори за развојот и улогата на германското уставно судство, неговата јавна прифатеност, предизвиците и институционалната отпорност.

На конференцијата ќе присуствуваат и претставници на ИРЗ, дипломатскиот кор, академската заедница, судии.