Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

🎥 Успешна сезона во Охрид, бројот на туристи зголемен за 20 проценти

Тоа што нема метеж во Охрид сред летна сезона, не значи дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тоа што нема метеж во Охрид сред летна сезона, не значи дека градот е празен. Во опуштена атмосфера уживаат, и тоа како, голем број туристи – повеќе од лани. Ако до сега ја немаше таа вообичаена гужва низ чаршијата, не значи дека немало гости – тоа говори дека Охрид конечно се ослободува од масовниот туризам. Генерално, ова е успешна сезона, ценат експертите. Нивните истражувања говорат дека до почетокот на јуни бројот на туристи и остварени ноќевања е зголемен за 20 % во однос на лани, што е одличен тренд.

„Затоа што се работи за групи кои што доаѓаат со аранжмани и најчесто се тоа учесници во културниот, во активниот туризам, и со тој дел навистина можеме да се пофалиме. Она што треба да се нагласи е дека во ваквата дистрибуција во ноќевањата генерално учествува хотелското сместување, што е исто така добро, оти тоа е она со кое треба да се фалиме. А мислам, иако немам доволно податоци, дека малку послабо оди со сместувањето од мал обем – апартмани, станови и т.н.“ – вели д-р Сашо Коруноски, универзитетски професор.

„Моја препорака,“ вели Коруноски, „е во иднина да се внимава и овој вид на приватно сместување да го најде своето место на пазарот.“ Исто така, потенцира дека, покрај странските туристи, никако не смееме да ги занемариме домашните, кои – за да ги привлечеме да летуваат дома – ни треба само добра понуда.

Реклама

Од досегашниот тек на туристичката сезона е задоволен и таткото на градот.

„По однос на број на ноќевања и прибраниот данок од туристичка такса во однос на овие 5 месеци до сега, приходот од данокот на туристичка такса е зголемен за околу 35 % во споредба со 2024 година, а бројот на ноќевања или бројот на туристи го следи државниот просек и станува збор за не повеќе од 6 %, меѓутоа тоа е пресек заклучно со месец мај.“ – вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Оценка за целата туристичка сезона ќе имаме во септември, кога ќе се соберат податоците, вели Пецаков. Сепак, радуваат најавите дека интересот за Охрид е голем кај туристите од западноевропските земји, но препорака е да се насочиме и кон источновропските земји, затоа што според сите анализи источновропскиот пазар е најбрзорастечки во светски туристички рамки, потенцираат експертите.

Тоа што нема метеж во Охрид сред летна сезона,не значи дека градот е празен.Во опуштена атмосфера уживаат и тоа како голем број туристи, повеќе од лани. Ако до сега ја немаше таа вообичаена гужва низ чаршијата,не значи дека немало гости, тоа говори дека Охрид конечно се ослободува од масовниот туризам.Генерано ова е успешна сезона,ценат експертите,нивните истражувања говорат до почетокот на јуни бројот на туристи и остварени ноќевања е зголемен за 20 % во однос на лани,што е одличен тренд.

“ Затоа што се работи за групи кои што доаѓаат со аранжмани и најчесто се тоа учесници во културниот, во активниот туризам и со тој дел навистина можеме да се пофалиме.Она што треба да се нагласи е дека во ваквата дистрибуција во ноќевањата генерално учествува хотелското сместување што е исто така добро,оти тоа е она со кое треба да се фалиме, а мислам иако немам доволно податоци дека малку послабо оди со сместувањето од мал обем,апартмани, станови и тн”  вели д-р Сашо Коруноски, универзитетски професор

Моја препорака вели Коруноски е во иднина да се внимава и овој вид на проватно сместување да го најде своето место на пазарот. Исто така потенцира дека покрај странските туристи, никако не смееме да ги занемариме домашните кои за ги првлечеме да летувааат дома, ни треба само добра понуда.

Од досегашниот тек на туристичката сезона е задоволен и таткото на градот.

 “По однос на број на ноќевања и прибраниот данок од туристичка такса во однос на овие 5 месеци до сега,приходот од данокот на туристичка такса е зголемен за околу 35 % во споредба со 2024 година а бројот на ноќевања или бројот на туристи  го следи државниот просек и станува збор за не повеќе од 6 % меѓутоа тоа е пресек заклучно со месец мај “ -вели Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид

Оценка за целата туристичката сезона ќе имаме во септември,кога ќе се соберат податоците вели Пецаков.Сепак радуваат најавите дека интересот за Охрид е голем кај туристите одзападно европските земји, но препорака е да се насочиме и кон  источновропоските земји затоа што според сите анализи источноевропскиот пазар е најбрзорастечки во светски туристички рамки,потенцираат експертите.