Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Прилози

Успешна посета на Мицкоски во Лондон: Нови британски инвестиции, јасни пораки за македонските национални интереси, ниту збор за некакви мигрантски кампови

Зацврстување на партнерството со Обединетото кралство, инвестиции во Македонија, целосно модернизирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зацврстување на партнерството со Обединетото кралство, инвестиции во Македонија, целосно модернизирање на железничката инфраструктура со британска помош. Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, имаше и повеќе од успешна работна посета на Лондон, каде успеаја и да ги презентира црвените линии во однос на македонските национални интереси.

Според познавачите, на билатералните средби, во прв ред историската со Кралот Чарлс Трети, но и со британскиот премиер Кир Стармер, презентирана била јасната визија за иднината на земјава во Европската Унија, со заштитен идентиет и достоинство. Поранешниот амбасадор во Велика Британија, Ристо Никовски за Алфа вели дека Македонија, ќе добие многу, пред се на економски план од ова партнерство.

-Посетата е извонредна, исклучително значајна и успешна, бидејќи тука имаме меморандум во инвестиции во воената индустрија, која кај нас во Македонски Брод е затворена дефакто. Од друга страна се разговарало и за брзата пруга, со која што Македонија ќе дојде во врвот на европските настани и движења. Мислам дека тоа е еден нов исчекор, знаете на крајот од денот клучно е дали државата се развива, дали се постигнати резултати, изјави Никовски.

Реклама

Од Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, Мицкоски порача дека Македонија ќе стори се да ја исполни стратешката цел – членство во ЕУ но без да се задира во македонскиот идентитет. Поранешниот амбасадор Јован Донев, вели дека средбите во Лондон биле одлична можност, јасно да се каже македонската страна во однос на уцените и условувањата кои ги имаме на европскиот пат.

-Одлична можност да се разменат ставовите, да се повторат ставовите, ако треба, како што се случи во случајот на Македонија, кои се нашите ставови во однос на нашите евроинтеграции, што многу важно да се слушнат и повторуваат таму. И плус тоа е многу важно што имавме билатерална средба со премиерот на Обединетото Кралство, втора оваа година, што е многу важно, значи се воспоставуваат поблиски релации меѓу нашиот премиер и премиерот на Велика Британија, изјави Донев.

По посетата во Лондон според познавачите целосно во вода паднале тезите дека во Македонија ќе се градат мигрантски кампови. Никовски вели добро е што се разговарало за засилување на контролата на границите, пред се бидејќи Македонија веќе имаше една голема мигрантска криза, а мигрантите кај нас доаѓаа од државни членки на ЕУ.

-Тоа беа чисти измислици, Македонија нема никогаш да прифати такви кампови во земјата, веројатно Албанија и Косово може размислуваат во таква насока, но не и ние. И не сум сигурен дека и Лондон ќе бара такво нешто од нас. Меѓутоа, она што го спомна и премиерот, можна е соработка во зацвстување на контролата на границата, бидејќи да не заборавеме мигрантите кои одат кон западна Европа, нас ни доаѓаат од земји членки на Унијата, тоа се Бугарија и Грција, изјави Никовски.

Дека никакви кампови не биле тема на разговор, согласен е и Донев.

-Прашањето на имиграционите кампови не е отворено, колку што јас имам информации, можеби и погрешни, Косово се нуди од регионот да прифати миграциони кампови. Беше пласирана изјава дека и Албанија, но не излезе ништо од тоа. Потоа има едни шпекулации во македонските медиуми дека еве Македонија ќе прима мигранти, ништо од тоа. И тоа е тоа, мислам дека се тоа само чисти шпекулации и популизам, ништо друга тука, нема ништо сериозно во тоа, изјави Донев.

Во Лондон потпишан беше и меморандум за разбирање со Американско- британската компанија Бурсток, која што ќе инвестира 150 милиони евра во неманската воена индустрија и ќе донесе нови високоплатени 1.000 работни места.

Матеја Петровски