Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Успешен „Инвеститорски ден“ на Македонска берза

Седма година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седма година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра.

На денешниот „Инвеститорски ден“ на Берзата се склучија вкупно 335 нормални трансакции, што претставува најголем број склучени трансакции во еден ден во 2026 година. Споредбено, просечниот број на склучени трансакации со акции во 2026 година изнесува 66 трансакции.  Дополнително, денес во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 497 налози за тргувањe, што претставува повторно најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година.

Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денес надмина 670 илјади евра, односно изнесува околу 41 милиони денари.  

Реклама

Иницијативата „Инвеститорскиот ден“ ја прифатија и во неа активно се вклучија сите единаесет членки на Берзата (Еурохаус, Илирика Инвестментс, Иново Брокер, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер, Шпаркасе Банка Скопје и Халк Банка Скопје) и Централниот депозитар за хартии од вредност, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНСКИ АКЦИИ!