Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Уште една жртва од пожарот во Кочани, почина управителот на дискотеката „Пулс“ кој се лекуваше во Литванија

Трагедијата во Кочани ја зема и шеесетата жртва. Почина 29 годишниот Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата во Кочани ја зема и шеесетата жртва. Почина 29 годишниот Александар Карадакоски ој се лекуваше во Литванија. Министерот за здравство, Арбен Таравари ја потврди веста за неговата смрт и објасни дека за време на кобната ноќ, Карадакоски се здобил со тешки изгореници и бил еден од пациентите во критичната состојба и бил ипратен на лекување во Литванија.

40% од неговото тело било со тешки изгореници и дека поради откажувањето на бубрезите бил ставен на дијализа. Дополнителен проблем била и инфекцијата која се појавила поради огромната површина на раните на телото. Карадакоски бил заведен како управител на кабарето Пулс, а според неофицијални информации работел таму како шанкер. Тој беше еден од 34-те осомничени за трагедијата во Кочани.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, соопшти дека преку македонската амбасада во Варшава, е во редовна комуникација со семејството на починатиот Карадакоски, како и со надлежните институции во Литванија.

Реклама

„Од страна на Амбасадата се преземаат сите неопходни активности за завршување на конзуларните постапки и за организација на транспортот на телото на починатиот македонски државјанин назад во земјата“ се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи

Министерот за здравство потврди дека има уште тројца пациенти кои се исто така во тешка состојба која активно се следи.

На лекување сè уште се 78 пациенти од кои 14 се во Македонија, а останатите во странство. Денеска од скопските клиники на домашно лекување ќе бидат пуштени петмина, а во земјава треба да се вратат шест пациенти, двајца од Бугарија, двајца од Шпанија и двајца пациенти од Унгарија кои се добри и стабилни, но ќе се лекуваат уште еден ден по протоколите, 24 часа ќе престојуваат во нашите болници од кај што биле испратени.

Давид Крстевски