Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Нов смртен случај од западнонилска треска во Македонија. Се работи за 73годишен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов смртен случај од западнонилска треска во Македонија. Се работи за 73годишен пациент од општина Аеродром кој 22 дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника. Уште од старт, тој бил со тешка клиничка слика и придружни болести кои го отежнале лекувањето. Со ова, бројот на починати пациенти од овој вирус се искачи на 5.

„Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка“ – вели Фадил Цана – директор на Клиника за инфективни болести.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 21 пациент, од кои кај 18 е лабораториски потврдено присуството на вирусот со развиена невроинвазивна форма. За тројца се уште се чекаат резултати.

Реклама

„Скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката на Клиниката е околу 20 до 21. Во тешка општа состојба се уште четворица пациенти, кои се лекуваат на Одделот за интензивно лекување, додека другите пациенти се сместени на Одделот за невроинфекции“ – вели Фадил Цана – директор на Клиника за инфективни болести.

Вирусот Западен Нил коси низ Европа. Македонија и медитеранските држави не се единствени кои ова лето ги бројат заразените и смртните случаи од овој опасен вирус. 12 европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот од стартот на годината, што е повеќе споредено со истиот период лани.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести пријавил дека освен во Македонија, Србија, Албанија, Косово, Грција, Италија и Шпанија, заразени од Западен Нил има и во посеверните области во Германија, Франција, Австрија, Холандија, и Романија.

Најмногу заболени има во Италија – дури 311 кои биле регистрирани во 46 региони. Особено погодени се реоните околу градовите Милано и Падова.

Грција се наоѓа на второ место со регистрирани 157 случаи на вирусот во 17 региони. Најголем број заразени има во околината на Атина, Лариса и Иматиа, јужно од градот Воден.

Погодени се дури 99 европски региони. Она што загрижува е дека Западен Нил за првпат е регистриран во здравствените центри во 21 регион ширум Европа. Во истиот период минатата година, имало значително помалку случаи. Лани 9 европски земји пријавиле инфекции, во вкупно 67 региони.

Повеќето инфекции со вирусот се јавуваат за време на сезоната на комарци, од пролет до есен. Врвот на заразата, очекувано е токму сега, односно тогаш кога е најжешко, во периодот меѓу јули и септември. Европскиот центар за превенција и контрола на болести очекува повеќе случаи со оглед на тоа што топлото време е на самиот пик, а во многу држави се температурите достигнаа 40 степени.

Центарот ги повика европските држави да го зајакнат својот капацитет со прекугранична соработка и интегриран пристап за следење на популациите на комарци, информирање на јавноста и целни мерки за контрола, земајќи го предвид влијанието врз животната средина.