Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

УНИЦЕФ: Околу 10.800 ученици од прва година средно стручно образование се првата генерација која ќе учи СТЕМ вештини за професиите на иднината

Со почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва година средно стручно образование ќе станат првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми кои интегрираат СТЕМ-компетенции вклучувајќи зелени и дигитални аспекти во сите струки, соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Со обука на 569 наставници, изготвени нови ресурси за учење и зајакната соработка со приватниот сектор, се додава во соопштението, оваа реформа ќе им помогне на учениците да применуваат одржливи практики на идните работни места и да одговорат на предизвиците поврзани со климатските промени, кои сè повеќе влијаат врз секој сектор од економијата.

-Реформата доаѓа во време кога стручното образование станува сè попривлечно за младите луѓе. Денешните ученици ќе влезат на пазар на труд којшто се менува под влијание на технолошките промени, зелената транзиција и новите начини на работа. Со модернизирањето на стручното образование, им помагаме на младите да ги стекнат вештините неопходни за успех, а истовремено на компаниите им овозможуваме пристап до кадар подготвен да придонесе за раст, иновации и одржување на конкурентноста – изјавила Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Реклама

Иако овие вештини се особено важни во сектори како што се обновливите извори на енергија, одржливото градење и зелените технологии, додаваат од УНИЦЕФ, транзицијата кон зелена економија ги менува работните места во речиси сите сектори. Учениците од економските струки ќе учат за моделите на зелени бизниси и одржливи иновации, додека пак учениците од угостителско туристичките струки ќе учат како да го намалат отпадот од храна и да применуваат одржливи практики.

Реформата е насочена кон надминување на јазот којшто постои меѓу еколошките амбиции на младите и нивното знаење и вештини во областа на животната средина.

Предводена од Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование, се додава во соопштението, реформата ги вградува СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните аспект во стручното образование. УНИЦЕФ обезбеди техничка поддршка со финансиски средства од Владата на Шведска и компанијата „Нелт“.

-Подготовката на децата и младите за иднината бара преиспитување на тоа кои вештини се важни во целиот образовен систем. Со вклучувањето на СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните компетенциит во стручното образование, Македонија помага да се обезбеди секој ученик да биде подготвен за успех во економијата и климата што се менуваат – изјави Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ.

Новите наставни програми, се вели во соопштението, им помагаат на учениците да развијат не само техничко знаење, туку и вештини за решавање проблеми, иновации и прилагодливост, со што ќе дадат значителен придонес во исполнувањето на целите од Стратегијата за образование 2026–2032 година и на Реформската агенда на Македонија 2024–2027 година.