Охридскиот регион нема да биде ставен на листата на светско наследство во опасност.Градот и државата во Париз добија дополнителен рок од уште една години да постапат по препораките и Охрид да го зачуваат статусот под капата на Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации каде е примен како 4 град во светот.На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО усвоен е амандман со кој се одложува впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност. Одложувањето е условено со низа обврски за кои државата треба да достави извештај до 1 февруари 2026 година.
”Мислам дека сега можам да прогласам дека нацрт-одлуката Охрид да не биде ставен на листата на светско наследство во опасност,е усвоена. Таа е заверена”-истакна Претседателот на Комитетот за светско наследство.
Македонија останува целосно посветена на решавање на проблемите и исполнување на обрските со цел зачувување на интегритетот и автентичноста на Охрид,истакна премиерот Мицкоски.

“Ние се боревме во една жестока дипломатска офанзива да се даде шанса Охрид да добие уште еден транзициски период со што ние би отпочнале со имплементирање на препораките кои што за жал претходната влада не ги започна, не само што не ги започна туку и луѓе блиски до политичките партии од претходната влада продолжија да ги злоупотребуваат”-рече премиерот Мицкоски
Комитетот требаше по третпат да гласа за статусот на Охрид,пред два дена, 40 невладини организации побараа УНЕСКО да го впише Охридскиот во Листата на светски наследства во опасност со цел да се заштити од уништување.
”Воопшто не се согласувам дека треба да се стави за да напредува Охрид заради некакви фондови кога ние препораки и мерки кои што сме ги имале во минатите години,ние зошто сме се довеле до ова,затоа што 30 години не зборувам како општина туку генерално како држава многу не сме се занимаваме со тие препораки и се доведовме во ќош каде се доведе и сртатусот на Охрид во прашање но и многу закони и проекти затоа што ние соработувале, сега е сосема поинаку”-вели градоначалникот Кирил Пецаков.
За Пецаков се неприфатливи тезите на дел од екологистите и граѓанските активисти дека доколку не прогласат за подрачје во опасност,дури тогаш целото внимание ќе се насочело кон Охрид и оти ние требало да ја искористиме таа шанса, да ги најмиме сите експерти и да добиеме поддршка, вклучително и финансиска. Ставањето на Охрид на листата на загрозени подрачја на Унеско ќе предизвика сериозен удар врз локалната економија, а целосно ќе го стопира развојот на градот во секаква смисла на зборот-вели тој.
