Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Унапредување на изборното учество на жените преку податоци, придобивки и партнерства

На покана на Државната изборна комисија, во соработка со Мисијата на ОБСЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На покана на Државната изборна комисија, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската Програма за изборна поддршка во Македонија, имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието, Жаклина Пешевска, заедно со пратеничките од Комисијата и Клубот на пратенички, учествуваа на конференцијата „Унапредување на изборното учество на жените преку податоци, придобивки и партнерства“.

Целта на конференцијата беше да се подигне свеста за важноста од вклучувањето на жените во сите фази од изборниот процес преку промовирање пристап заснован на податоци, стимулативни мерки и трансформативни решенија.

Конференцијата ја отворија потпретседателот на Државната изборна комисија, Абдуш Демири, амбасадорот и шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал, амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, и потпретседателот за програми и стратегија во Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), Кристофер Ле Мон.

Реклама

Во рамки на конференцијата беа презентирани родово разделените изборни податоци од локалните избори одржани во 2025 година, подготвени од Државната изборна комисија.

Во продолжение се одржаа панел-дискусии посветени на мерки и решенија за зголемување на учеството на жените во изборниот процес, финансиски мотивациски механизми и пристапи, како и перспективите на граѓанското општество и медиумите.

Една од панелистките беше и претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, која истакна дека законската застапеност од најмалку 40 проценти е важен резултат, но дека еднаквоста не треба да заврши со бројки.

Посебен акцент беше ставен на потребата од подобро позиционирање на жените на кандидатските листи, поголема застапеност на жените на раководни и носечки позиции, еднакви услови за водење политички кампањи и систематско собирање изборни податоци според пол.

„Едно е жената да биде на листата, друго е да биде избрана, а сосема трето е да биде на позиција од која навистина носи одлуки“, истакна Пешевска.

Од перспектива на Собранието и на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во наредниот период потребно е да се работи во неколку насоки:

1. Да продолжи постепеното зголемување на законската застапеност од 40 проценти кон вистинска паритетна застапеност;

2. Да се подобри позиционирањето на жените на кандидатските листи, особено на добитните позиции;

3. Да се зголеми бројот на жени кандидатки за градоначалнички и да се создадат услови за нивна реална политичка конкуренција;

4. Политичките партии да усвојат сопствени механизми и цели за зголемување на бројот на жени на раководни и носечки позиции;

5. Изборните податоци систематски да се собираат и расчленуваат според пол, не само за кандидати и избрани лица, туку и за изборна администрација, набљудувачи, финансирање, медиумска застапеност и излезеност;

6. Да се обезбедат подобри податоци и мерки за пристапност на изборите за лицата со попреченост, болните и изнемоштените граѓани;

7. Да продолжи партнерството со ОБСЕ/ОДИХР, ДИК, граѓанскиот сектор и сите други релевантни чинители, затоа што ова не е задача на една институција.

Во таа насока, Комисијата ќе продолжи да придонесува кон унапредување на еднаквите можности и создавање услови за реално и суштинско учество на жените во политичкиот и јавниот живот.