Реклама

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Македонија

Унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во фокусот на приоритетите на Министерството за здравство, со поддршка на СЗО

Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата, како што соопшти Министерството за здравство, има за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата.

Иницијативата, како што соопшти Министерството за здравство, има за цел да придонесе за подобрување на здравствените услуги и постигнување подобри здравствени исходи за граѓаните, во согласност со приоритетите утврдени во владината програма за здравство. Во нејзина основа е првата сеопфатна проценка на националната рамка за квалитет на здравствената заштита, која ќе се реализира во периодот од мај до август 2026 година.

Процесот официјално беше означен со национална работилница во Скопје, на која присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу, претставникот на СЗО во Северна Македонија д-р Аким Али и д-р Жоао Бреда, раководител на Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина. На настанот учествуваа и претставници на клучни здравствени институции, академската заедница, професионални здруженија и пациентски организации.

Реклама

Министерот Алиу истакна дека квалитетот и безбедноста на пациентите се суштински дел од реформите во здравството.

-Нашата цел не е само да обезбедиме повеќе здравствени услуги, туку услуги кои се побезбедни, поквалитетни и поориентирани кон пациентот; услуги кои носат подобри резултати, поголема доверба и сигурност за граѓаните. Квалитетот и безбедноста на пациентите не се дополнителен елемент на реформата — тие се нејзината суштина- изјави министерот Алиу.

Процесот на проценка ќе вклучи консултации со здравствени институции, професионални здруженија, академската заедница, пациентски организации и други релевантни чинители, како и теренски посети, технички состаноци, интервјуа и преглед на релевантните политики и практики. Наодите ќе обезбедат основа за зајакнување на управувањето со квалитетот, отчетноста и континуираното подобрување на здравствените услуги.

-СЗО ја поздравува силната заложба на Министерството за здравство и националните партнери да ги постават квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во центарот на здравствените реформи. Квалитетот е од суштинско значење за постигнување подобри здравствени исходи, зајакнување на довербата на јавноста и обезбедување инвестициите во здравството да донесат конкретни придобивки за луѓето. СЗО останува посветена да ја поддржи Македонија во преточување на наодите од оваа проценка во практични активности кои ќе го зајакнат здравствениот систем и ќе го подобрат искуството на пациентите, изјави д-р Аким Али, претставник на СЗО во државава.

За време на посетата на Македонија, д-р Жоао Бреда сподели меѓународни искуства и примери од земји од Европскиот регион на СЗО кои успешно спровеле национални политики за квалитет и програми за подобрување на квалитетот.

-Квалитетот на здравствената заштита е еден од најсилните двигатели на подобри здравствени исходи и посилни здравствени системи. Со спроведувањето на оваа сеопфатна проценка, Македонија покажува лидерство и јасна посветеност кон континуирано подобрување. Овој процес не е само проценка на моменталната состојба, туку и можност да се идентификуваат конкретни области за дејствување. СЗО е горда што ја поддржува земјата во развојот на посилна национална рамка за квалитет, унапредување на безбедноста на пациентите и вклучување на луѓето, како и во градењето култура на учење во здравствениот систем, изјави д-р Жоао Бреда.

Од Министерството за здравство и СЗО нагласуваат дека заедничката цел е воспоставување посилна рамка за квалитет и безбедност на пациентите, како и создавање здравствен систем кој ќе биде поефективен, поотчетен и целосно ориентиран кон потребите на граѓаните.