Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Укината одлуката за запирање на истрагата за мазутот, ОЈО ГОКК ќе ја продолжи постапката

Вишото јавно обвинителство Скопје ја укина наредбата за запирање на истрагата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вишото јавно обвинителство Скопје ја укина наредбата за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ и го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја продолжи постапката.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство го уважил приговорот на АД ЕСМ против наредбата за запирање на истрагата.

– Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе решение со кое го уважи приговорот на АД „Електрани на Северна Македонија“ против наредбата за запирање истрага за кривични дела злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и перење пари, против вкупно 13 физички и едно правно лице, а поврзано со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ – стои во соопштението од Обвинителството.

Реклама

Со одлуката ОЈО ГОКК е задолжено да ја продолжи постапката, а на надлежниот обвинител му се дадени и дополнителни насоки за понатамошно постапување.

Во образложението на одлуката Вишото јавно обвинителство констатирало слабости во изготвените вештачења врз кои била заснована одлуката за запирање на истрагата

– Констатирајќи, пред сѐ, слабости во изготвените вештачења, на кои јавниот обвинител од ОЈО ГОКК ја темелел својата одлука да ја запре истрагата, Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејства на осомничените, особено дали и кој презел директни дејства или дејства на помагање, со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превезот на користење повластена законска основа од член 23 од Законот за јавните набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице – дополнуваат од таму.

Вишото јавно обвинителство го задолжило ОЈО ГОКК да прибере и анализира дополнителни податоци од повеќе институции, како и да нареди нови вештачења за целосно утврдување на сите околности во предметот и на евентуална кривична одговорност.