Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Угостителите задоволни од периодот за прилагодување на законот за пушење

Угостителите ја поздравија одлуката на Министерот за здравство Азир Алиу, за периодот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Угостителите ја поздравија одлуката на Министерот за здравство Азир Алиу, за периодот на прилагодување за новиот закон за пушење. Tие и сега биле подготвени за целосно спроведување на законот, иако ќе претрпеле големи загуби. Кафанџиите потенцираат дека не е толку проблемот во законот, туку во контролите бидејќи и актуелното законско решение, кое е многу слично на новото не се применува секаде подеднакво.

„Кога веќе има казни големи, ќе се адаптиравме. Генерално, сличен е законот како во 2010 година, така што во овој новиов како што гледав и го читав, имаше и на јавни површини, беше поригорозен пообемен и бевме запознаени. Нас не ни одговара воопшто бидејќи навиките се едни кај нас, други во Европа. Ако го донесат ќе имаме голем проблем, додека се адаптираат луѓето“, вели споственик на угостителски објект од Скопје.

Од Синдикатот на работниците во угостителството и туризмот, СУТКОЗ, велат дека тие го поддржуваат законот во целост. Ја поздравуваат и одлуката на министерот Алиу со која се дава период на адаптација.

Реклама

„Го поддржуваме новиот зкаон за пушење, но бараме одредени контроли и дејства за да не се доведеме до ситуација и така дефицитарниот кадар кој постои во овие сектори да стане подефицитаре. Со стрикната примена на законот да се доведем до ситуација работници да ги изгубме, а дел ги имаме изгубено поради ниските плати“, рече Слободан Кашиковски, претседател на „СУТКОЗ“.

Новиот, поригорозен закон за заштита од пушењето, треба да стартува на први март и е налик на законите во Европската Унија. Истиот е спроведен по препораките од Светската Здравствена Организација, за намалување на трошоците за лекување на последиците од активното и т.н. пасивно пушење.

Според СЗО, трошоците кои ги имаат здравствените власти се поголеми за државниот буџет, отколку добивките од даноците и акцизите од продажба на цигарите.