Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Учениците во Македонија учат околу 900 часови помалку од светскиот просек

-Македонија се соочува со криза во учењето и според последните ПИСА оценувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Македонија се соочува со криза во учењето и според последните ПИСА оценувања над две третини од учениците имаат лоши резултати во читање, математика и природни науки, изјави денеска претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Лесли Милер пред настанот „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“ во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ.

Од 81 држава, средношколците од Македонија се наоѓаат на 71. место по јазична писменост, на 61. место со знаење по математика и на 68. место во Европа по природни науки лани соопшти Министерството за образование и наука (МОН), објавувајќи ги резултатите од ПИСА 2022.

ПИСА е едно од најпознатите и најкредибилни меѓународни тестирања кое ја мери писменоста, односно применливото знаење што му е потребно на ученикот за да го продолжи своето образование и да успее во личниот и професионалниот живот. Задачите во тестовите се поврзани со реални ситуации во кои може да се најдат учениците, и преку одговорите не се мери репродуктивното, туку функционалното знаење, кое е важно за поврзување, разбирање и решавање на проблеми.

Реклама

-Еден од клучните фактори е недоволното време поминато во учење. Македонските ученици имаат околу 900 часови поминати во учење помалку од светскиот просек. Образованиот систем го нема целосно приспособено начинот на кој ги организира ресурсите, на пример училишната структура, наставниот кадар и финансирање на училиштата. Има многу можности за подобрување на ситуацијата, изјави денеска Милер.