Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

🎥 Ученици без наставници во Кочани – што прави градоначалникот Крстевски?

Веќе втора недела трае голготата на кочанските  основци и средношколци. Некои ученици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе втора недела трае голготата на кочанските  основци и средношколци. Некои ученици се уште ги немат одржано првите часови.. Голем дел од нив се без наставници, бидејќи  градоначалникот Венко Крстевски, не им ги продолжил договорите  кои им завршиле на 31 август.Станува збор за над педесеттина наставници во речиси сите училишта во градот и руралните средини.

  „За учениците значи недокнадлива штета Не станува збор само за нашите плати, туку и за наставната програма која не може да се спроведе. Јас се прашувам како се спроведува настава во училиште каде има 12 наставници како мене . Има наставник кој не може да одржи настава по математика„ изјави наставник во ООУ „Раде Кратовче”, во Кочани

За да се најде решение на проблемот се вклучи и СОНК. Тие се оптимисти дека до крајот на неделата конечно ќе има разврска на проблемот. Со проблемот се запознати и во МОН , од каде веќе стигнало допис дека градоначалникот треба да формира пралелки со помал број на ученици.

Реклама

   „Одговорот на МОН до градоначалникот, јасно кажува дека треба да ги формира паралелките така како што и биле до сега и аналогно на тоа треба да се продолжи, односно да се примаат наставници за итно и неодложно вработување и да ги врати назад на работа„ изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Алфа, проба да да побара одговор од градоначалникот на Кочани, дадли ќе формира паралелки со помал број на ученици, но тој не одговори на нашиот повик.

Инаку  од СОНК посочуваат дека кочанскиот случај е единствен во државата каде на наставниците не им се потпишува согласност за нови договори со училиштата, со што под знак прашање се става  нивниот единствен извор за егзистенција.