Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Учениците во Прилеп спроведоа проект „Млади за зелена транзиција – од урбана градина до еко-производ“

Штандови со изложени ракотворби на учениците од отпад, производи изработени во рамките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штандови со изложени ракотворби на учениците од отпад, производи изработени во рамките на проектот, зеленчук од училишната градина, биокомпост  прикажаа учениците од средното прилепско училиште „Орде Чопела“, од прилепските основни училишта „Блаже Конески“ и „Климент Охридски“ и од ОУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани на денешниот завршен Хепенинг во центарот на Прилеп, паркот кај Основниот суд, како завршен настан од проектот „Мали за зелена транзиција – од урбана градина до еко-производ“. 

-Денешниот завршен настан го нарековме Артхепенинг „Од отпад до нова вредност“. Целта е да покажеме дека и во урбаната средина може да се произведе храна, и тоа на био начин, без користење на хемиски средства. Прво ги обучуваме средношколците кои подоцна своето знаење им го пренесуваа на учениците од основните училишта. Имавме обучувачи во однос на биопроизводството и во користењето на новите технологи. Во практика ја спроведовме циркуларната економија, што значи, што помалку да произведуваме отпад, а што повеќе храна, воедно да правиме рециклирање и реупотреба на самиот отпад, објасни Филип Димкоски, претседател на НВО „Зокум“ од Прилеп кои го спроведоа проектот. 

Учениците цртаа на еко теми, а средношколците ги претставија своите производи од градината и пекарницата при средното училиште „Орде Чопела“.

Реклама

-Ги преставуваме нашите еко производи, а учениците денеска создадоа саксии за растенијата од нашата училишна еко-градина од пластични шишиња, рече Андреа Гагалеска од невладината „Зокум“ од Прилеп.

Проектот „Млади за зелена транзиција – од урбана градина до еко-производ“ е спроведуван од „Пипл ин нид“, а поддржан од Европската Унија.