Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Учениците од утре на настава – едносменска во 620 училишта

Учебната година утре ќе ја почнат 238 илјади ученици, од кои 174…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учебната година утре ќе ја почнат 238 илјади ученици, од кои 174 илјади основци и 64 илјади средношколци. Пристигнати се податоци за 14 952 запишани првачиња и 16 932 ученика во прва година средно, за кои конечните бројки ќе ги имаме наскоро, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

На прес-конференција во пресрет на 1 септември Јаневска  им посака успех на сите ученици, наставници и стручни соработници.

– Оптимизирана е училишната мрежа и во голем број училишта условите се значително подобрени. Обезбедени се учебници за сите, а за учениците со посебни образовни потреби, ангажирани се најмногу образовни асистенти досега – 1358 во основно и 166 во средно образование. истакна Јаневска. 

Реклама

Од вкупно 1023 (централни и подрачни), во 620 училишни објекти ќе има едносменска настава. Јаневска рече дека тоа е концепт што обезбедува повеќе придобивки, а најважни се интересите на децата – поголема концентрација на часовите, поголема социјализација, задржување на училиште доволно за да се совлада целиот материјал и да се стекнат соодветни вештини.

Годинава ќе има 433 паралелки помалку – 222 помалку во основното образование и 211 во средното. Поради тоа што немаат запишано ученици, од септември привремено се затвораат 26 подрачни училишта. Вкупниот број на празни училишни објекти во државава, претежно во руралните средини е 148. 

-Негативниот тренд, поттикнува и реорганизација на училишната мрежа и работата на училиштата. Процес за кој се заложивме во изминатите неколку месеци е оптимизација на паралелките во постојните училишта, што значи спојување на помалите паралелки една со друга или приклучување кон поголемите, а во интерес на учениците – да бидат во поголемо друштво, да можат подобро да се социјализираат и да се натпреваруваат. Не е тајна дека со години опстојуваа, на пример две паралелки со по два ученика на иста возраст и во исто училиште. Сега таквите ги обединивме и затоа во образовниот систем ќе имаме 433 паралелки помалку годинава – 222 во основното образование и 211 во средното, рече министерката.

За воведување едносменска настава во што повеќе училишта се доградуваат училници за да се зголемат капацитетите за работа во една (прва) смена. Во моментов се доградува во 14 училишта во Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче, Бутел, Илинден, Гази Баба и Градско, а уште 15 проекти, рече Јаневска, ќе почнат етапно во следните неколку месеци. Нагласи дека со овој процес ниту еден редовно вработен наставник не е отпуштен од работа.

Министерката посочи и дека се завршени реконструктивни активности во 20-ина училишни објекти и спортски сали. Се градат и четири нови сали кои многу скоро ќе бидат пуштени во употреба. Преку програмата на Владата за финансирање капитални проекти во општините, во тек е реализација на 50-ина инвестиции за изградби и реконструкции на училишта, за нови спортски сали и училишни базени.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: