Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Турски театар – Скопје по вторпат дел од фестивалот MITEM во Будимпешта

Турски театар – Скопје гостува на тринаесеттото издание на фестивалот MITEM во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Турски театар – Скопје гостува на тринаесеттото издание на фестивалот MITEM во Будимпешта, со претставата Амадеус во режија на Андреј Цветановски.

-Особена чест и гордост е што по вторпат сме дел од MITEM. Оваа покана е потврда за посветената работа на ансамблот и за уметничкиот квалитет што го создаваме. Веруваме дека со Амадеус достојно ја претставуваме нашата институција и македонската театарска сцена- изјави Осман Али – директор на Турски Театар – Скопје.

Со ова гостување, додаде, продолжува успешната меѓународна соработка меѓу Турски театар – Скопје и организаторите на MITEM, отворајќи нови можности за културна размена и афирмација на македонскиот театар на европската сцена.

Реклама

-Фестивалот MITEM е значајна европска сцена и ми претставува особена чест што Амадеус е дел од неговата програма. Со ова гостување претставата го започнува своето интернационално патување, а се надевам и на нови покани. Репертоарот на Турски театар – Скопје јасно го потврдува својот современ и амбициозен уметнички правец- изјави режисерот на претставата Цветановски.

MITEM важи за еден од најзначајните европски театарски фестивали, на чија сцена низ годините гостувале врвни автори и режисери како Роберт Вилсон, Ејмунтас Некрошјус, Силвиу Пуркарете, Теодорос Терзопулос и Диана Добрева. Ова е второ последователно учество на Турски театар – Скопје на фестивалот, по минатогодишниот настап со Слепци во режија на Кендрим Ријани. По одличниот прием и позитивните критики, театарот повторно доби покана за учество.