Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Турканици и судир на полицијата со родителите на децата од ОУ “Тодор Јанев” во општина Чашка

Неместо училишно ѕвонче – пендраци. Ескалираше ситуацијата во Чашка.Турканици и судир помеѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неместо училишно ѕвонче – пендраци. Ескалираше ситуацијата во Чашка.Турканици и судир помеѓу родителите и полицијата.А власта и натаму не се откажува од вовоедување на албанска паралелка во ОУ Тодор Јанев. Родителите кои протестираа пред училиштето изутрината се судрија со полицијата. Тие обвинуваат дека засиленото полициско обезбедување било тенденциозно не за да го обезбеди протестот, туку за да се пресмета со нив. Со тоа што за еден родител обезбедување имало по двајца полициски службеници. Родителите се сомневаат дека полициските камери кои го снимале протестот, за време кога бил нападнат еден од родителите биле исклучени.

Родителите не се откажуваат од барањата, оставка од директорката Елена Николова, и албанската паралелка да биде во друго училиште.

Алфа испрати прашања во МОН, за инцидентите кои се случувале изминатите два дена дали министерот ќе преземе нешто. И дали размислува да ја разреши директорката. Одговор досега не добивме.

Реклама

Инаку, од МОН се децидни дека албанската паралелка мора да продолжи до крајот на годината, а потоа ќе се разгледуваат опциите за трајно решение.

Учениците ја бојкотираа наставата цело прво полугодие, родителите и во второто полугодие протестираат секојденвно против работењето на директорката на училиштето и за како што велат незаконското воведување на нова паралелка на албански јазик.

Министерот минатата година, јавно ги повика родителите да му достават предлог решение, тој не прифати ниту едно. Една од понудените опции кои му беа доставени во кабинетот беше албанската паралелка да се воведе во соседните села Сливник или Бањица каде што мнозинството жители се од албанска националност.

Директорката Николова за Алфа тврдеше дека имало основ за формирање на алабанска паралелка.Според неа, родителите и жителите неосновано протестирале. И побара да не се прави етничка поделба.

Инаку, училиштетo “Тодор Јанев”  според статутот е само за настава на македонски јазик, и во населено место со Македонци, во кое според лична карта на родителите нема регистрано ниту еден ученик со албански мајчин јазик.