Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Туризмот е еден од нашите приоритети, се бележи раст во број на туристи и ноќевања, вели Мицкоски

Туризмот е еден од приоритетите на Владата и мерките и активностите што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Туризмот е еден од приоритетите на Владата и мерките и активностите што се преземаат во таа насока резултираат со зголемување на бројот на туристи и бројот на ноќевања, смета премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека активно се работи на создавање услови за натамошно зголемување на овие бројки и во наредните години и бројот на ноќевања да се зголеми до пет милиони годишно. 

– Туризмот е еден од нашите приоритети. Минатата 2025 година, според бројките што ги објави Државниот завод за статистика, имаме зголемен број на туристи некаде над шест проценти. Но, она што особено охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи за над десет проценти. Тоа е двоцифрена бројка. Се ближиме на бројката од три и пол милиони преноќувања, што исто така претставува многу значаен податок – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, општина Карпош.

Оваа година, додаде Мицкоски, повторно има организирани групи и повторно како Влада се поактивни.

Реклама

– Постојано работиме и јас очекувам повторно двоцифрен број на раст кај странските туристи и, генерално, очекувам и во 2026 година да имаме раст на бројот на туристи во Македонија. Работиме паралелно и во насока на поддршка на изградба, на и надградба и реновирање на постојните туристички и угостителски капацитети. Нашата цел е да дојдеме, ако е возможно тоа, до пет милиона преноќувања во Македонија, што ќе претставува историски рекорд и сега работиме во таа насока. Оваа година очекуваме чекор по чекор да дојдеме до три и пол милиони, а потоа и понатаму, па ако биде сè како што треба, не би се изненадил тоа да биде во 2028, 2029 година – истакна македонскиот премиер.