Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Тркалезна маса во Собранието: Насилството врз жените во политиката – предизвик за демократското општество

Во Собранието денеска се одржа вториот ден од тркалезната маса за унапредување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска се одржа вториот ден од тркалезната маса за унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во политиката во Северна Македонија, посветена на сексизам, вознемирување и насилство врз жените во Парламентот.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Зеина Хилал, претставничка на Интерпарламентарната унија (ИПУ) истакнала дека жените и понатаму се соочуваат со предизвици при вклучувањето во националните парламенти, но дека предизвиците не завршуваат со нивното стапување на јавна функција. Напротив, различните форми на психолошко, социјално и економско насилство продолжуваат и во текот на нивниот мандат. Таа ја презентираше анализата во која биле опфатени 123 пратенички од целиот свет, со фокус на искуствата и формите на психолошко, социјално и економско насилство со кои се соочуваат жените додека извршуваат јавна функција.

Пратеничката Лидија Петкоска, членка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите потенцирала дека учеството на жените во политичкиот живот е значаен предуслов за демократско и инклузивно општество. Таа се осврнала и на улогата на социјалните мрежи, кои, како што посочи, од една страна овозможуваат поголема видливост и директна комуникација со јавноста, но од друга страна претставуваат простор каде што жените во политиката често се соочуваат со говор на омраза, лични напади и напади насочени кон нивните семејства.

Реклама

Во контекст на унапредувањето на родовата еднаквост, Петкоска посочила дека Собранието има донесено Акциски план за 2025 – 2027 година за рамноправност, како и работна група за следење на неговата реализација и примена. Осврнувајќи се на улогата на медиумите, Петкоска нагласила дека е потребно професионално и одговорно известување.

Савка Тодоровска од Националниот совет за родова еднаквост истакнала дека дигиталното насилство има за цел да ги одврати жените од учество во јавниот живот и политичкото дејствување. Таа посочила дека е потребен соодветен институционален одговор, имајќи предвид дека жените поради различните форми на насилство се приморани да се откажат од кандидатура или да ја напуштат политиката.

Драгана Каровска-Чемерска, претставничка на невладината организација „ХЕРА“ нагласила дека жените со самата одлука да се вклучат во политиката честопати се соочуваат со повисока цена.

-Денес дигиталниот простор е главниот канал на насилство. Жената можеби има знаење, потенцијал и желба за успех во ова поле, но преку насилството, граѓаните губат избор – истакнала Каровска-Чемерска.

На правниот аспект на проблемот се осврнал Илија Милчевски, истражувач во Парламентарниот институт на Собранието. Тој посочил дека со различните облици на насилство врз жените во политиката се повредуваат и основните човекови права. Милчевски ја истакнал и важноста на улогата на граѓанските организации во унапредувањето на правната рамка во оваа област, нагласувајќи дека нејзиниот развој треба континуирано да ги следи потребите на сите граѓани и да обезбеди соодветна заштита од различните форми на насилство.

Учесниците разгледале и примери од други земји, како и нивни искуства, успеси и предизвици во изработката и спроведувањето закони и мерки за спречување и справување со насилството врз жените во политиката и во парламентот, а свое излагање имала Агата Валчак, специјалистка за демократски институции и процеси, Програма за развој на Обединетите нации (УНДП). Што прават и кои мерки за заштита парламентите ги преземаат за оние кои се соочуваат со кибер вознемирување Валчак, споделила дека најдобра практика нема, ова е процес што се развива, потребен е холистички пристап и да учиме едни од други.

На сесијата Справување со дигиталното насилство и дезинформациите насочени кон жените во политиката панелистите разговарале за распространетоста и влијанието на родово базираното насилство на интернет, вклучително и сексуализираните напади, стереотипното претставување на жените, дезинформациите, неточните информации, пристрасностите во алгоритмите и штетните наративи што се шират во јавниот простор.

Како што информираат од Собранието, биле споделени и начините за справување со овие појави, вклучително и преку соодветни законски и политички рамки, како и заедничките активности што треба да се преземаат за унапредување на безбедноста на жените во политиката во онлајн просторот.

Елисабет Далберг од Амбасадата на Шведска зборувала за Директивата на Европската Унија за борба против насилството врз жените, вклучително и кибернасилството која е прв ЕУ правен и сеопфатен документ, усвоен 2024 година.

Преку видеопорака активистката Лучина ди Меко, #ShePersisted говорела за последиците од онлајн насилството врз жените во политиката, а онлајн учество за законски мерки против онлајн насилството врз жените во политиката, имаше Лена Гумниор, пратеничка од Германија.

Александра Пацалидес, виша правна советничка за глобални прашања, Equality Now дала споредбени согледувања за законодавството и политиките за справување со онлајн насилството врз жените во политиката. Таа споделила дека потребно е ажурирање на постојните закони, измена на Кривичниот закон, ревидирање налегислативата за киберкриминалот, како и потребата од правно регулирање на самите онлајн платформи.

Зеина Хилал посочила дека ИПУ ќе продолжи со соработката со Парламентарниот институт и Собранието, со цел спроведување на акцискиот план и унапредување на еднаквите можности за мажите и жените, родовата еднаквост и застапеноста на жените преку квота од 50 проценти. Воедно, ја нагласила важноста на заштитата на жените политичарки и изрази уверување дека партнерството и соработката ќе продолжат и во иднина.

Златко Атанасов се заблагодарил на учесниците, како и на службата на Собранието за придонесот во организацијата и реализацијата на настанот. Тој го посочил и прашалникот доставен до пратениците, кој ќе помогне во собирањето релевантни податоци и согледувањето на ставовите и искуствата на пратениците, со цел понатамошно унапредување на работата и активностите поврзани со родовата еднаквост и еднаквите можности во Собранието.