Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Трите деца пронајдени на улица прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Трите малолетни  деца кои вчера беа пронајдени во бессознание биле донесени во Општа болница Куманово каде и биле прегледани од педијатар и од интернист.  Во болницата ги донела екипа на Итната медицинска помош во придружба на полициски службеник, откако биле пронајдени вчера на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. Од болницата информираат дека при приемот децата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трите малолетни  деца кои вчера беа пронајдени во бессознание биле донесени во Општа болница Куманово каде и биле прегледани од педијатар и од интернист.  Во болницата ги донела екипа на Итната медицинска помош во придружба на полициски службеник, откако биле пронајдени вчера на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. Од болницата информираат дека при приемот децата биле стабилни, но во запуштена состојба, свесни, со проширени зеници и промени во однесувањето.

– Децата беа прегледани од педијатар и интернист согласно возраста, а беше повикан и социјален работник. Во присуство на социјален работник и инспектори од МВР, родителите изричито одбија понатамошна опсервација и лабораториски испитувања, и покрај инсистирањето да останат за дополнителни иследувања – информираат од болницата.

Од здравствената установа ддаваат дека родителите си ги презеле децата, иако биле упатени за испитувања на Клиниката за детски болести, Токсикологија за токсиколошки анализи и понатамошно испитување, како и на детска психијатрија.

Реклама

Од Центарот за социјални работи Куманово денеска информираат дека за случајот биле известени телефонски од социјалниот работник во Општата болница Куманово и веднаш воспоставиле контакт со СВР Куманово.

– Од наша страна веднаш беше контактиран инспектор од СВР Куманово кој разговарал со децата и родителите. Децата биле свесни и според нивното кажување спиеле кога биле затекнати од непознато лице – информираат од Центарот.

Оттаму сооштија дека биле известени оти лекарот дал упати за дополнителни анализи, но родителите сметале дека нема потреба од нивно спроведување.

– Семејството е евидентирано во Центарот и претходно е постапувано по однос на деца на улица. За конкретниот настан родителите и децата веднаш се повикани во Центарот и ќе постапиме согласно нашите надлежности – информираат од Центарот за социјални работи.

Децата претходно биле евидентирани во Центарот за социјални работи заедно со мајката  при питачење низ кумановските улици.

Претходно, СВР Куманово информираше дека три малолетни деца,  петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванаесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово.

Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10.40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепило.