Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Трипуновски: Јас додека сум министер ќе има правична распределба на земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одговараше на пратеничко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одговараше на пратеничко прашање кое што се однесуваше во делот на земјоделското земјиште.

„Откако сум министер со помош на Владата се поведе една сериозна акција во делот на злоупотребата на земјоделското земјиште. Се раскинаа и неколку договори, се ослободија над 2.000 хектари земјоделско земјиште кое што беше злоупотребувано од претходната власт“, појасни министерот.

„Во првите месеци од мојот мандат се поделени 967 договори за распределба на земјоделско земјиште. Во моментов тече Јавен повик кој што се работи, во кое ќе биде ставено сето преостанато земјоделско земјиште кое што се наоѓа ширум Република Македонија. И сето тоа се работи само во интерес на сите оние земјоделци кои што сакаат да обработуваат земјоделско земјиште“, истакна тој.

Реклама

Тој додаде дека тренд на правична распределба на земјоделско земјиште додека е тој министер ќе продолжи.

„Државното земјиште треба да биде ставено во функција кај вистинските земјоделци“, посочи министерот Трипуновски.

„Во делот на сточарското производство, во наредните месеци ќе има наменски огласи за сточарите каде што ќе имаат предност при добивање на земјоделско земјиште. На сточарите им е потребно земјиште за производство на храна, за да ги намалат загубите во делот на производство на храна, но и да имаат сигурен прилив на храна кој што им потребен“, истакна тој.

Министерот Трипуновски најави дека утре ќе го посети Пелагонискиот регион за да оствари средби со земјоделците.

„ЗК Пелагонија е во фаза на склучување на Анекс на договор каде што се ослободуваат околу 1.600 хектари државно земјоделско земјиште и ќе се стави на располагање на сточарите од Пелагонија“, нагласи министерот.