Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Трипуновски: Идеи и иницијативи од Ресен за развој на земјоделството

Во Ресен синоќа се одржала трибина „Гласот што го слушаме – македонско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Ресен синоќа се одржала трибина „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која, како  што објави на својот Фејсбук профил министерот за земјоделство, шумарство  и водостопанство Цветан Трипуновски, се разговарало за предизвиците, но и за можностите за развој на земјоделството. 

Според Трипуновски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е отворено за предлозите, критиките и иницијативите од земјоделците.

– Граѓаните од Ресен во полна сала со многу прашања, сугестии и идеи на трибината „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Се разговараше за предизвиците, но и за можностите за развој на земјоделството. Средбите се потврда дека сме тука и отворени за секој еден предлог, критика и иницијатива што доаѓа од земјоделците, информира Трипуновски.