Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Трипуновски: Годинава ќе биде постигната рекордна цена на тутунот

Тутунопроизводителите не треба да бидат загрижени. Годинава ќе биде постигната највисока просечна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тутунопроизводителите не треба да бидат загрижени. Годинава ќе биде постигната највисока просечна откупна цена на тутунот. Владата е во постојана комуникација и со откупувачите, а и со тутунопроизводителите и нема да дозволи македонските тутунари да бидат разаочарани, порача денеска од Прилеп, ресорниот министер Цветан Трипуновски кој беше во посета на Откупниот центар при Тутунскиот комбинат.

„Досега, до вчерашниот ден се откупени милион и 400 илјади килограми, со просечна цена од 374, 30 дени и истиот е исплатен негде околу 45 проценти кон земјоделците…Јас само сакам да упатам една јасна порака до сите тутунопроизводители дека оваа година ќе бидат многу позадоволни од минатата година. Просекот кој ќе се постигне на ниво на држава, ќе биде поголем  од минатогодишниот просек. Едноставно, ние како држава и како Министерство, никогаш нема да дозволиме да има разочарување како во минатото“, – изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство. 

Исто така, во последниве денови, полека, но сигурно, на интензитет добива и самот тек на откупот. Засега, нема забелешки за некакви неправилности при проценката, уверуваат и од надлежниот Инспекторат, и од Сојузот на тутунските здруженија.

Реклама

„Вкупно пријавени се 287 пунктови, од кои отворени се 280, a останатите 7 ќе бидат наскоро отворени. Откупот се следи тековно, сега-засега инспекторите се на терен и нема никаков проблем“, – рече Васе Јанакиев, директор на ДЗИ.

Состојбата на терен е многу поповолна во споредба со почетокот заради тоа што е многу зголемена динамиката, а за зголемување на динамиката помогнаа и временските услови…Kако што гледаме на терен, производителите се задоволни, сето се откупува во прва класа, нема одбитоци. Успеавме да се договориме да нема класи, тутку сето да оди прва класа“, – кажа Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Според министерот Трипуновски, заради преполовувањето на произведениот род, интензивно се работело и на унапредувањето на стратегиите за зачувување и стимулирање на тутунопроизводството како би се спречило преоринтирањето кон одгледување на други култури. „А тоа е важно и од социјален, и од економски аспект за нашата држава“, посочи Трипуновски, притоа додвајќи дека и висината на субвенциите спаѓа во тој партнерски договор.

Каролина Дурло