Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Економија

Трипуновски: Филипче грубо ја дезинформира јавноста, дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците

Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста. Филипче дали воопшто знае кои закони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста. Филипче дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците? Да го потсетам Филипче дека одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите, е донесена токму во времето на СДСM и неговата влада, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во објава на својот фејсбук профил, посочува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за медиумите.

Ако Филипче не знае, лозарите многу добро ги паметат и откупните цени на грозје во време на СДСM. Токму во време на СДСM се истураше грозје пред винариите.

Главното прашање е зошто иако Филипче имаа 7 години власт не донесоа повисока заштитна цена за лозарите? Како се сети на нив по само една година опозиција тазе вратен од крстарење по Егејското море?

Реклама

Но она што го направивме за земјоделците е многу повеќе од сите години владеење на Венко Филипче.

Ние за овој краток период исплативме над 11 милијарди денари за заостанати и тековни обврски кон земјоделците. Исплатата на субвенциите веќе тече тековно, а тоа беше мисловна именка во времето на СДСM.

Објавивме јавен повик за инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем.

Подготвуваме закон за жестоки пијалоци.

Утврдивме највисока откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка.

За потсетување една од првите подзаконски акти која што беше донесена е Методологијата и истата беше објавена во сл. Весник бр. 146/2024 од 12.07.2024.

Ги оспособивме и системите за наводнување кои што поради негрижата на СДСM беа нефункционални.

Земјоделството е приоритет на Владата. Земјоделците сега имаат вистински партнер.

Двете лица на Филипче. Кога ветува како опозиција и кога трупа богатство како власт, за потоа да ужива на јахти како опозиција додека ветува сè и сешто. Ова е истата приказна – лажна, лицемерна, која ви ветуваше живот, чиј дел беше Филипче со неговиот ментор, а донесе пустош, криминал и предавства. Народот нема да наседне вторпат на истите актери со истата измама.

СДСM очигледно не се менува. Останува заглавен во минатото, надевајќи се дека народот има кратко помнење и ќе им ги заборави злоделата.

Филипче, Македонија памети и нема да ви заборави.