Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Триесетневен притвор за возачот во Владата затекнат при примање обележани пари

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата, осомничен за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

Според Обвинителството, постои основано сомневање дека осомничениот, кој работел како возач на висок владин функционер, во периодот од 24 јули до 4 септември годинава побарал 1.500 евра од граѓанин за да го искористи своето наводно влијание и да посредува кај службени лица во Град Скопје во врска со вработување по оглас за прием на пожарникари.

Случајот бил пријавен од оштетениот граѓанин, по што Единицата за корупција при Бирото за јавна безбедност, во координација со надлежниот јавен обвинител, презела активности за обезбедување докази.

Реклама

-По пријавувањето, надлежните органи, во координација со предметниот обвинител, презедоа дејствија за обезбедување докази. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани – информираат од Обвинителство.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото, јавниот обвинител предложил определување мерка притвор. Судија на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му одредил притвор во траење од 30 дена.

Министерството за внатрешни работи претходно денеска информира дека по поднесена пријава од граѓанин, Д.Ц. вработен како возач во Службата за општи и заеднички работи при Влада на Македонија, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. 

Од Обвинителството нагласуваат дека навременото пријавување на корупцијата и подготвеноста на граѓаните да соработуваат со надлежните институции е исклучително важно.

-Пријавувањето на барање или понуда за поткуп и противзаконито влијание овозможува навремена реакција, обезбедување докази и ефикасно постапување на надлежните органи. Јавното обвинителство ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи и да соработуваат со надлежните институции и останува посветено на одлучно постапување по сите сознанија за коруптивно однесување за кои постојат основи за преземање обвинителски дејствија – се вели во соопштението од Обвинителство.