Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Триесет и пет години од првиот Устав на независна Македонија

На денешен ден, пред 35 години, на 17 ноември 1991 година, Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешен ден, пред 35 години, на 17 ноември 1991 година, Собранието на Македонија го донесе првиот Устав на независната македонска држава, со што беа поставени темелите на нејзиното уставно-правно уредување.

Највисокиот државен акт беше донесен во период на историски промени и распаѓање на поранешната југословенска федерација, по референдумот од 8 септември 1991 година, на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Со Уставот Македонија беше дефинирана како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а беа утврдени основните принципи на парламентарната демократија, поделбата на власта и заштитата на човековите права и слободи, како и институционалната рамка на независната држава.

Реклама

Неговите темелни принципи се поврзуваат со вековната борба на македонскиот народ и со историските стремежи за државност, втемелени во традициите на Крушевската Република и на АСНОМ, како и со заложбите за демократско уредување и остварување на правата и слободите на граѓаните.

На донесувањето на Уставот му претходеше Декларацијата за независност, усвоена од првиот повеќепартиски состав на Собранието на 25 јануари 1991 година. Сепак, процесот на осамостојување беше проследен и со политички несогласувања. Дел од албанската етничка заедница го бојкотираше референдумот, а пратениците Албанци не го поддржаа новиот Устав.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата беше потврден на 8 април 1993 година, кога Македонија беше примена во Обединетите нации како 181. полноправна членка. Поради противењето на Грција на уставното име на државата, приемот беше извршен под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Во годините по неговото донесување, Уставот претрпе повеќе измени и дополнувања, меѓу кои позначајни беа амандманите од 2001 година, по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, како и измените од 2019 година, со кои беше променето уставното име на државата во Македонија.

По повод 35-годишнина од првиот Устав, денеска во законодавниот дом ќе се одржат низа панел-дискусии на кои ќе се дебатира за донесувањето на највисокиот правен акт и осамостојувањето на државата.