Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денека ќе одбележи 20 години од своето основање со свечен прием на кој ќе присуствуваат претставници на правосудните институции, Владата, дипломатскиот кор, меѓународни организации и граѓанскиот сектор.
Настанот ќе почне во 12:30 часот со поздравно обраќање на директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, по што се предвидени обраќања на претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители, Маријана Илиеска, и заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Бен Нупнау.
Во рамки на програмата ќе биде прикажано јубилејно видео посветено на работата и развојот на Академијата, а ќе бидат доделени и плакети и благодарници.
Од Академијата посочуваат дека јубилејот претставува можност за одбележување на две децении во кои институцијата има клучна улога во едукацијата и професионалното усовршување на идните судии и јавни обвинители во земјата.

