Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Трибина во Народната банка во соработка со Амбасадата на Швајцарија: Довербата во централните банки и домашната валута е темел на економската стабилност

„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Македонија. На настанот се зборуваше за актуелните макроекономски прашања и светските предизвици во услови на зголемена неизвесност, геополитички тензии, промени во трговските и финансиските текови и забрзан технолошки развој.

Во своето обраќање, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески истакна дека стабилниот девизен курс на денарот во однос на еврото веќе три децении претставува важен столб на макроекономската стабилност во земјава.

„Иако светскиот монетарен систем се соочува со нови предизвици и постепени промени, Народната банка е посветена на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност преку кредибилни политики и меѓународна соработка. Народната банка успешно се справи со последните светски шокови, ја намали инфлацијата и ја зачува стабилноста на девизниот пазар. Девизните резерви се на солидно ниво, а довербата во денарот и во банкарскиот систем е зачувана“, истакна гувернерот Славески.

Реклама

Во своето обраќање, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Кристоф Зомер нагласи дека историјата на швајцарскиот франк покажува дека стабилноста на една валута не е резултат на случајност или на поединечни политики, туку на децении одговорно управување, институционален континуитет и долгорочна визија.

„Технологијата може да го промени начинот на кој се движат парите, но довербата во парите и понатаму ќе зависи од институциите. Во време на брзи промени, централните банки се меѓу најважните столбови на стабилноста, кредибилитетот и довербата. Нивната улога не е само техничка. Таа е суштински поврзана со зачувувањето на довербата, како едно од највредните добра што може да ги поседува една економија“, истакна амбасадорот Зомер.

Посебно внимание на трибината му беше посветено на одбележувањето на јубилејот 80 години централнобанкарска традиција во земјава. Беше нагласено дека ваквите значајни јубилеи потврдуваат дека силните институции се градат постепено, преку континуитет, професионалност и доследна посветеност на јавниот интерес.

Во рамките на настанот беше истакнато и значењето на Меморандумот за соработка меѓу Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) за периодот 2025 – 2028 година, којшто ќе придонесе за унапредување на аналитичките алатки на монетарната политика, понатамошна модернизација на финансискиот сектор и за зајакнување на институционалните капацитети на Народната банка.

Економистот Коста Вајена одржа презентација на настанот, додека на панел-дискусијата учествуваа и професорот од Женевскиот институтот за постдипломски студии Cедрик Тиј, економистот од Народната банка на Швајцарија Флоријан Вебер и претседателот на Одборот на директори на „Макстил“ Димитар Цветковски.