Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Трибина во Куманово „Здрави врски – основа за ментално здравје“

Навременото препознавање на токсичните односи и градењето здрави модели на комуникација уште во младоста се клучни за превенција на семејното и родово базираното насилство, порачаа психолозите  на денешната трибина „Здрави врски – основа за ментално здравје“. Трибината се одржа во Занаетчискиот дом Куманово како завршен настан од проектот кој е насочен кон јакнење на психолошката […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навременото препознавање на токсичните односи и градењето здрави модели на комуникација уште во младоста се клучни за превенција на семејното и родово базираното насилство, порачаа психолозите  на денешната трибина „Здрави врски – основа за ментално здравје“. Трибината се одржа во Занаетчискиот дом Куманово како завршен настан од проектот кој е насочен кон јакнење на психолошката благосостојба и личниот развој кај младите девојки.

Проектниот координатор,  Дивна Јанкова, информираше дека преку проектот едуцирани се девојчиња на возраст од 16 до 19 години и професорки и стручни соработнички од средни училишта во Куманово и Охрид. Јанкова изјави дека  проектот е развиен како одговор на сè почестите случаи на нарушени семејни односи и насилство, со акцент на превенција уште во адолесцентскиот период.

– Целта беше младите навреме да научат да препознаваат токсични врски, да поставуваат здрави граници и да градат односи засновани на почит, поддршка и еднаквост. Идејата е да се реагира пред младите да влезат во нездрави партнерски односи или подоцна во брачни заедници што можат да резултираат со насилство и долгорочни последици за целото семејство – изјави Јанкова.

Реклама

Споре неа,  менталното здравје не може да се гледа изолирано како индивидуална одговорност, туку како резултат и на квалитетот на односите што луѓето ги создаваат со околината.

– Не е доволно да работиме само на личен развој. Подеднакво важно е да градиме здрави односи, бидејќи токму тие создаваат чувство на сигурност, самодоверба и психолошка стабилност – нагласи Јанкова.

Организаторите информираат дека преку работилници, презентации и јавни активности биле опфатени повеќе од 300 ученици, родители и наставници. Ваквиот пристап, според нив, покажува дека врсничката едукација може да биде  механизам за отворање теми кои младите потешко ги споделуваат со возрасните. Посебен фокус на трибината беше ставен на прашањето дали препознавањето на токсичните модели на однесување треба да започне уште во образовниот процес. Учесниците оценија дека училиштето има важна улога не само во образованието, туку и во создавањето простор за разговор за емоционалната благосостојба, самопочитта и ненасилната комуникација. Во дискусијата учествуваа стручни лица од областа на психологијата, кои велат дека токсичните односи не секогаш се препознаваат преку физичко насилство, туку често започнуваат со контрола, емоционален притисок, манипулација и ограничување на личната слобода.