Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Свет

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

Една третина од жителите на Германија се загрижени дека ќе ја изгубат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една третина од жителите на Германија се загрижени дека ќе ја изгубат работата поради експанзијата на  вештачката интелигенција (ВИ), покажаа резултатите од анкетата нарачана од агенцијата ДПА.

Спроведена од институтот за анкети YouGov, анкетата врз 2.175 лица покажа дека 34% од испитаниците се загрижени за нивниот работен  статус поради ВИ, додека 62% не се чувствуваат загрозени.

Иако не се забележани значајни разлики меѓу поддржувачите на различните политички партии во земјата, работниците што живеат во урбаните средини и оние со ниско ниво на образование повеќе се плашат дека ќе бидат заменети од вештачката интелигенција во иднина.

Реклама

Според анкета објавена од Институтот Ифо објавена во јуни, околу 27% од компаниите во Германија претпоставуваат дека вештачката интелигенција ќе доведе до губење на работни места во следните пет години.

Околу 5% од компаниите очекуваат дополнителни работни места како резултат на вештачката интелигенција, додека две третини не очекуваат никаква промена.

Откако американската компанија OpenAI го објави својот прв голем јазичен модел, ChatGPT, во ноември 2022 година, развојот на моделите со вештачка интелигенција постигнаа огромен напредок. Бранот модели со вештачка интелигенција што оттогаш ги создадоа разни компании се подобри во однос на логиката, ефикасноста, скалабилноста и истовремената обработка на текст, слики, аудио, видео и други формати.