Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Трети научни Кирилометодиеви средби: Наследството на светите браќа Кирил и Методиј е живо и актуелно

Наследството на светите браќа Кирил и Методиј е живо и актуелно. Без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наследството на светите браќа Кирил и Методиј е живо и актуелно. Без разлика колку и да се чини старо нивното дело, постојано има нови моменти кои се појавуваат во истражувањето на нивното духовно и културно наследство, порача денеска деканот на Православниот богословски факултет во Скопје Илче Мицевски – Игнат.

На официјалното отворање на третите научни Кирилометодиеви средби, Мицевски – Игнат рече дека научните средби посветени на светите браќа Кирил и Методиј коишто се организираат во соработка со Институтот за историја полека го добиваат своето место во македонската научна мисла која се занимава со прочучување на нивниот живот, дело и наследство.

– Иако нивната мисија и дело биле реализирани векови наназад, светите браќа Кирил и Методиј оставиле далбоки траги во историјата кои се до денес се видливи за нашите очи. Важноста на нивното дело е огромна бидејки темелите што тие ги поставиле со проповедањето на Божјото слово на словенски јазик, преку глаголицата и преводите што ги направиле се изградиле духовноста, писменоста, литература, култура и историја на словенските народи. Научните средби имаат цел да соберат на едно место научници и истражувачи кои ќе се претстават со нови наулни сознанија. Покрај истражувањето на нивниот живот и дело во современиот свет истражувањето се пренесува на влијанието кое го има нивното дело во современата духовност, писменост, литература, култура и историја, рече Мицевски – Игнат.

Реклама

Директорот на Институтот за национална историја Митко Панов рече дека светите Кирил и Методиј ги поставиле принципите на рамноправноста на духовниот, културниот и идентитетскиот израз.

– Наспроти ваквите принципи кои денеска се темелни вредности во Европа забележуваме континуирани политички тенденции за национализирање на кириломедотиевското наследство и исклучување на другите. На политичката инструментализација на словенското дело на Кирил и Методиј кое се деградира во инструмент на идентитетски хегемонизам и оспорување ние одговараме со научна аргументација за универзалните вредности на кириломедииевото наследство, рече Панов.

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан со порака дека најголемата почит кон светите браќа Кирил и Методиј се покажува преку продолжување на нивниот дух и нивната ревност.

– А што значи тоа во нашево време? Тоа значи дека и ние сме повикани да ги оставиме себичноста и рамнодушноста. Овој наш свет, исполнет со неизвесности, поделби и духовна уморност, има потреба од примерот на светите браќа, кој нè повикува кон мисија, кон храброст и кон живо сведоштво. Денес можеби не создаваме азбуки, но сме повикани да го испишуваме Христовото име во срцата на луѓето преку добрина, вера и милосрдие. Христијанството отсекогаш било пат на љубов и жртва. Христос им рекол на Своите ученици: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека оди по Мене“. Светите Кирил и Методиј токму така живееле — со вера што победува страв, со љубов што ги надминува границите и со надеж што не исчезнува ни во страдањата. Затоа, додека денес ги чествуваме овие светилници, за нас Македонците, како и за сите словенски народи, да се запрашаме: Дали сме подготвени да жртвуваме нешто за Евангелието? Дали сме подготвени да сведочиме за Христа и тогаш кога тоа бара труд, одрекување и храброст? Дали сме подготвени да бидеме продолжувачи на нивното дело и во нашево време?, праша поглаварот на МПЦ-ОА.

Ректорката на Универзтетот Св. Кирил и Методиј Билјана Ангелова со оценка дека научните Кирилометодиеви средби имаат особена вредност за Универзитетот и за академската заендица.

– Делото на светите браќа одамна го надмина границите во кое тие жеевеле затоа што во себе носи разбирање за достоинството на човекот, за силата на словото и за потребата секој народ да ја изразува својата духовност и култура на свој разбилив и близок јазик, рече Ангелова.

На денешниот официјален почеток на третите по ред Кирилометодиеви научни средби, беше промовиран Зборникот со трудови од вторите Кирилометодиеви средби.