Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Трета недела жителите на Струга без питка вода, од Ј.П. „Водовод“ предупредуваат сметките мора да се платат

Осумнаесет од 100-те дена на новата локална власт, Струга е без вода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумнаесет од 100-те дена на новата локална власт, Струга е без вода за пиење.Наместо да обезбеди питка вода, градоначалникот Ќура најавува рестрикции доколку енормното загадувањето на водата продолжи да варира.И покрај тоа што нема врнежи, матноста на водата е висока.

Можеме да користиме дел од водата која е чиста од Белица, значи оваа другото не можеме да го користиме.Правиме напори да се исчисти. Во случај да продолжи вака сигурно ќе има рестрикции, ќе имаме фази каде што ќе се користи чиста вода.Мада знаме дека во Струга 80-90% одамна користат вода од извори-вели Менди Ќира-градоначаник на Струга

Народниот правобранител го покрена прашањето,дали стружани треба да ја подмират сметката за вода за тековниов месец.

Реклама

 Доколку водата не ги исполнува основните стандарди за безбедност,услугата е суштински непотполна.Во вакви случаи постои основ за пропорционално намалување или времено запирање на наплатата особено ако нема содветно алтернативно снабдување. Неприфатливо е граѓаните да купуваат флаширана вода на сопствен трошок да се изложени на здравстввен ризик”- вели Илбер Даути-Народен правобранител Кичево

И додека Ќира уверува дека со новиот директор на Водовод ќе се договреле стружани да бидат ослободени од плаќање на есапот за вода, од јавното претпријатие се огласија на социлјаните мрежи. Иако од чешмите им тече кал наместо вода,ако не платат сметки, ќе бидат казнети.

”Сите корисници на услугите на Ј.П Водовод кои добивате сметки за вода, должни сте да го подмирите вашиот долг. Во спротивно ќе бидат превземени законски мерки против вас, кога покрај главниот долг, ќе треба да платите и дополителни трошоци, за адвокат ,нотар извршител”, велат од „Водовод“.

Градоначалникот се обврза дека ќе бидат отстранети објектите кои се главни причинители на ешерихија коли и ентерококни бактерии од фекално потекло во изворите и дека ќе побарал од Владата да донесе одлука за определување на заштитни зони.Од Центарот за јавно здравје велат дека забраната за пиење останува, се додека  матноста не се стабилизира во целост.Ако ова потрае Ќира ќе размислувал да им обезбеди вода на стружани со цистерни. Од камелонот е остранета сета механизција дури откако во неделата истражните органи живи ги фатија две правни лица од Велешта кои со машини вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите.