Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Трет уписен рок за студенти бруцоши на УКЛО Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денеска на сите универзитетски единици реализира трет уписен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денеска на сите универзитетски единици реализира трет уписен рок за студенти бруцоши за што огласени се 1091 слободно место за упис.

Најмногу слободни места за студирање во прва година има на Технички факултет во Битола каде може да се запишат 234 студенти во трите категории за студирање, 170 слободни места има за упис на Педагошки факултет, додека 167 места се огласени за упис на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ).

Најмалку слободни места за упис на студенти бруцоши има на Ветеринарен факултет каде може да се запишат 10 студенти за студирање ветеринарна медицина, на Факултетот за биотехнички науки во Битола слободни се 58 места за сите насоки, додека пак Високата медицинска школа во третиот уписен рок огласи 73 места за студирање со партиципација и за вонредни студенти.

Реклама

Од УКЛО Битола информираат дека денес уписи се вршат во членките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ со седиште во Скопје, Охрид, Прилеп, Велес и во Кичево, односно на Факултетот за безбедност, Факултетот за туризам и угостителство, Економскиот факултет, Технолошко-техничкиот факултет и Правен факултет.

Во првииот и вториот уписен рок за новата академска година,  Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во сите свои универзитетски единици запиша 1.024 студенти.