Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе неуставна резолуција за пресметка со опозицијата

Потпретседателката и пратеничката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ)  Јована Тренчевска изјави …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателката и пратеничката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ)  Јована Тренчевска изјави  дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која вчера беше изгласана во Собранието, е „неуставна, антидемократска и  обид за политичка пресметка со опозицијата“.

Тренчевска рече дека „во ниту еден дел од резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ нема конкретно објаснување и детали од договорот со Велика Британија“ и дека тоа „уште повеќе го зголемува сомнежот за тајни договори што ги води власта“.

– Каде во резолуцијата е спомнат договорот со Велика Британија? Резолуцијата е само за осуда на опозицијата. Во храмот на демократијата, во Собранието, се носи резолуција со која се осудува опозицијата или, едноставно кажано, се замолчува,  за да не ги кажува сите негативности на власта, се она што власта го крие, рече Тренчевска. 

Реклама

Според неа, Македонија ќе биде доведена во ситуација да прими мигранти кои, рече, „нема да поминат безбедносни проверки, со што ќе се загрози безбедноста на државата“.

-Ќе бидеме во ситуација да ни донесат луѓе коишто нема да ги поминат безбедносните проценки. Да направиме дистинкција помеѓу мигранти и луѓе кои побарале азил во одредена европска држава или во Велика Британија и не го добиле азилот од други причини и треба да бидат донесени во Република Македонија. Ако биле добри, зошто не останале во Велика Британија, зошто не им дале азил? Барањето за азил им е одбиено, рече Тренчевска.

Во врска со антикоруптивниот тим на нивната партија и отворената платформа, рече дека „СДСМ ќе продолжи јавно да ги објавува коруптивните скандали на ВМРО-ДПМНЕ“.